Оваа страница користи технички (потребни) и аналитички колачиња.
Продолжувајќи да прелистувате, прифаќате употреба на колачиња.

Република Северна Македонија членка на НАТО

Од денес Република Северна Македонија официјално влегува во НАТО како нејзина 30-та членка. Ова е уште еден историски датум за земјата која долги години се стреми кон оваа стратешка цел. Заедно сме посилни и побезбедни, дури и во тешки периоди како што е тековната здравствена вонредна состојба поради пандемијата COVID-19. Италија, една од основачите на Атлантската алијанса, искрено и пожелува добредојде на Северна Македонија во организацијата. Од денес односот на историското пријателство што ги поврзува нашите две држави се зајакнува уште повеќе. Тоа е уште еден важен чекор кон уште поблиска соработка.
Честитки!