Оваа страница користи технички (потребни) и аналитички колачиња.
Продолжувајќи да прелистувате, прифаќате употреба на колачиња.

Средба на Претседателот Пендаровски со Претседателот на Парламентот Фико

За време на неговата посета на Рим, Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, на 6 ноември се состана со Претседателот на Парламентот, г. Роберто Фико, заблагодарувајќи му се и за неодамнешната ратификација на Протоколот за пристапување во НАТО на Скопје од страна на италијанскиот Парламент. За Северна Македонија – истакна претседателот Пендаровски – неопходно е да се биде дел од Атлантската алијанса, поволен услов за стабилност, безбедност и економски развој.

Претседателот Пендаровски изјави дека сите етнички компоненти на земјата се залагаат за европска и атлантска интеграција, што е фактор на кохезија и единство, а не поделба. Пендаровски повика на завршување на Коридорот 8, кој е од голема корист за регионот во однос на инфраструктурата и поврзаноста; во оваа смисла, Италија би била на најдобра позиција да учествува и да го даде својот важен придонес.

Од своја страна, Претседателот Фико ја потврди поддршката на италијанскиот парламент за европска интеграција на Скопје и регионот, исто така, како противотров за враќање на опасните национализми и ја истакна важноста на билатералните парламентарни односи. Претседателот Пендаровски во Сенатот се сретна со претседателот на XIV постојана комисија за политики на ЕУ, Сенаторот Еторе Антонио Ликери и со претседателот на билатералниот оддел за меѓупарламентарни пријателства Италија – Земји на Западен Балкан, Сенаторот Лучано Д’Алфонсо. На состанокот беше присутна и Сенаторката Ема Бонино.

Во оваа прилика, Претседателот Пендаровски се заблагодари на Италија („искрен пријател“), нејзините Влада и Парламент за силната поддршка за евроатлантските аспирации на Северна Македонија, особено споменувајќи го ратификувањето на Протоколот за пристапување во НАТО. Северна Македонија заслужува започнување на преговори со ЕУ.