Оваа страница користи технички (потребни) и аналитички колачиња.
Продолжувајќи да прелистувате, прифаќате употреба на колачиња.

Посета во Скопје на Генералниот Директор за Европска Унија при Министерството за надворешни работи и меѓународна соработка, Џузепе Бучино.

На 27 април оваа година во Скопје се оддржа посетата на Генералниот Директор за Европска Унија при Министерството за надворешни работи и меѓународна соработка, Ополномоштен Министер Г-дин Џузепе Бучино.

Во многу полн распоред, тој се сретна со Заменик-премиерот за европски прашања, Бујар Османи, со Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, со Претседателот на Комисијата за европски прашања на македонското собрание, Артан Груби и со претседателот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Со Директорот за ЕУ на македонското Министерство за надворешни работи, Амб. Рамадан Назифи, ГД Бучино оддржа нов круг состаноци за политички дијалог за прашањата за европска интеграција и со претставници на Дирекцијата за односи со земјите на Европа во врска со билатералните односи.

Перспективите за евроатланска интеграција на Македонија и преговорите со Грција за прашањето за името беа во центарот на разговорите што се оддржаа во срдечна атмосфера и кои беа многу интересни. Се даде признание на силната улога на Италија во поддршката на евроатлантските аспирации на Македонија и одличната состојба на билатералните односи.

На крајот на посетата беше задоволство да се прими Генералниот Директор Бучино во Амбасадата за краток поздрав на вработените.

https://www.facebook.com/ItalyinMKD/photos/pcb.1533851020070509/1533850370070574/?type=3&theater