Оваа страница користи технички (потребни) и аналитички колачиња.
Продолжувајќи да прелистувате, прифаќате употреба на колачиња.

Амбасадорот

Паоло Палминтери

Роден е во Таранто (Пуља), на 2 февруари 1975 година, а по студиите по правни науки при Универзитетот во Перуџа во месец април 1999 година, магистрира на насока Дипломатија при Институтот за надворешна политика во Милано во 2001 година.

Дипломатската кариера ја започнува на 17 декември 2001 година, најпрво работејќи при Генералната дирекција за европски земји, а потоа и во Генералната дирекција за развојна соработка, пред да биде назначен за секретар на Амбасадата во Хелсинки (2004 год. – 2008год.), а потоа и за заменик-шеф на мисија на Амбасадата во Загреб.

По завршувањето на мисијата во Загреб, повторно се враќа во Генералната дирекција за развојна соработка, поточно во канцеларијата за хуманитарни кризи како одговорен на одделот за развојна соработка во рамките на ЕУ.

Во 2015 година е назначен за Генерален Конзул во Риека, каде што ја извршува функцијата до 2020 година, кога е назначен на функција во Амбасадата во Каиро како одговорен на канцеларијата за трговско-економски односи.

Во 2022 година се враќа во Министерството, во Генералната дирекција за политички и безбедносни прашања и е назначен за раководител на одделот за прашања поврзани со Советот на Европа, ОБСЕ и меѓународните профили на демократските системи.

Од 8 јануари 2025 година е назначаен за Амбасадор на Италија во Република Северна Македонија.

Одликуван е со Орден за заслуги на Италијанската Република како „Витез“ и со орденот „Офицер“ на Редот Леоне од Финска.