Questo sito usa cookie per fornirti un'esperienza migliore. Proseguendo la navigazione accetti l'utilizzo dei cookie da parte nostra OK

НОВИ МЕРКИ ЗА ВЛЕЗ / ВРАЌАЊЕ ВО ИТАЛИЈА ОД СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Датум:

31/08/2021


НОВИ МЕРКИ ЗА ВЛЕЗ / ВРАЌАЊЕ ВО ИТАЛИЈА ОД СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

 

Од 31 август до 25 октомври 2021 година, врз основа на Уредбите на министерот за здравство од 29 јули 2021 година и 28 август 2021 година, за оние кои влегуваат / се враќаат во Италија и кои престојувале / транзитирале во претходните четиринаесет (14) дена во Република Северна Македонија, важат следните задолжителни услови:

  1.  При качување (на брод/авион) да покажат, на барање на претставниците на авио компанијата или на други превозници, како и при копнен влез во Италија или на сите овластени лица кои тоа ќе го побараат, „зелен Ковид-19 сертификат„ или еквивалентен сертификат добиен по завршување на циклусот на вакцинација издаден од надлежните здравствени органи по вакцинацијата со вакцини одобрени од Европската агенција за лекови (со вакцините Pfizer-BioNtec, Moderna, AstraZeneca или Johnson & Johnson);
  2.  Исто така, да поседуваат негативен ПЦР или брз антигенски тест, не постар од 72 часа, направен со брис, кој ќе го покажат на барање на сите овластени лица кои тоа ќе го побараат;
  3.  да го пополнат онлајн дигиталниот формулар за локализација на патниците (digital Passenger Locator Form, dPLF) на веб страницата https://app.euplf.eu/#/ и истиот да го прикажат на претставниците на авио компанијата при качување во авионот или на другите превозници или на сите овластени лица кои тоа ќе го побараат, во дигитална форма на смартфон или отпечатен на хартија.

Во случај на недостиг на сертификатот за вакцинација наведен во точка 1, се уште е можен влез во Италија, но во секој случај е задолжително:

  • Поседување негативен ПЦР или брз антигенски тест, не постар од 72 часа, направен со брис, кој ќе го покажат на претставниците на авио компанијата при качување во авионот или на барање на сите овластени лица кои тоа ќе го побараат;
  • да се пополни онлајн дигиталниот формулар за локализација на патниците (digital Passenger Locator Form, dPLF) на веб страницата https://app.euplf.eu/#/ и истиот да се прикаже на претставниците на авио компанијата при качување во авионот или на други превозници или на сите овластени лица кои тоа ќе го побараат, во дигитална форма на смартфон или отпечатен на хартија.
  • да поминат 5 дена во самоизолација и под здравствен надзор, на адресата која ја пријавиле како место на престој (известувајќи го надлежниот здравствен дом)
  • да се направи дополнителен тест, ПЦР или брз антигенски, преку брис, по истекот на петте дена поминати во изолација.

537