Оваа страница користи технички (потребни) и аналитички колачиња.
Продолжувајќи да прелистувате, прифаќате употреба на колачиња.

Вести

Внеси ги параметрите за барање
Reset
20 март 2025
Меѓународна награда за италијанстика Флајано– XXIV издание

Известуваме дека во рамките на 52. издание на Меѓународните книжевни награди Флајано и во соработка со италијанскиот Институт за култура во Белград, ќе се одржи и 24. издание на меѓународната награда Флајано за италијанистика – Лука Атанасио. Промовирана и организирана од Фондацијата Едоардо Тибони и Културното здружение Енио Флајано, во соработка со Министерството за надворешни […]

Читај повеќе
3 март 2025
IX Ден на италијанскиот дизајн во Северна Македонија: “НЕЕДНАКВОСТИ: ДИЗАЈН ЗА ПОДОБАР ЖИВОТ“

Во рамките на IX Ден на италијанскиот дизајн во светот, на 21 февруари 2025 година на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во Скопје се одржа конференцијата „Нееднаквости: Италијанскиот дизајн за подобар живот“, организирана од Италијанската амбасада во Скопје во соработка со Италијанската трговска агенција и со поддршка на ФИНКИ, BAU Accelerator, ЦАПРИС (Центар […]

Читај повеќе
3 март 2025
Конкурс за придонеси за странски (не универзитетски) образовни институции

ПРЕДМЕТ НА КОНКУРСОТ Министерството за надворешни работи и меѓународна соработка (MAECI) објавува конкурс за придонеси наменети за промоција на италијанскиот јазик и култура во странските образовни не-универзитетски институции преку поддршка на катедрите за италијански јазик и финансирање на стипендии / патувања за усовршување на јазикот во Италија. УЧЕСТВО НА КОНКУРСОТ Придонесите се доделуваат: 1. за […]

Читај повеќе
24 февруари 2025
Конкурс за набавка на книги и дидактички материјали наменети за училиштата и универзитетите во странство за поддршка на изучувањето на италијанскиот јазик

Министерството за надворешни работи и меѓународна соработка (MAECI) објавува повик упатен до училиштата и универзитетите во странство за барања за купување и набавка на книги и наставни материјали, исто така и во дигитален формат, за поддршка на наставата по италијански јазик. Образовните и/или универзитетските институции засегнати со повикот имаат право да учествуваат на конкурсот само доколку […]

Читај повеќе
30 јануари 2025
Сертификати за познавање на италијанскиот јазик

Сертификатите за познавање на италијанскиот како странски јазик се уверенија кои го декларираат нивото на јазично-комуникациска компетентност на италијанскиот како странски јазик, поради што се незаменливи алатки за сите оние кои сакаат официјално да го потврдат своето ниво на познавање на јазикот во академски и работни контексти. За да бидат официјално признати, сертификатите мора да […]

Читај повеќе
21 јануари 2025
Новиот амбасадор на Италија во Република Северна Македонија Паоло Палминтери ги предаде акредитивните писма на Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова

Новиот италијански амбасадор во Северна Македонија Паоло Палминтери денеска ги предаде акредитивните писма на Претседателката на Републиката Гордана Сиљановска-Давкова на свеченост што се одржа во претседателското седиште „Вила Водно“ во македонскиот главен град. На средбата, двете страни се согласија за важната традиција на соработка меѓу земјите на билатерално и мултилатерално ниво, како и за одличните […]

Читај повеќе
25 ноември 2024
Италијанското Министерство за надворешни работи и меѓународна соработка и амбасадите ширум светот се приклучуваат на одбележувањето на Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените

И оваа година Министерството за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија се приклучи на меѓународната кампања за мобилизација по повод денот за елиминација на насилството врз жените. Како што посочи заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи и меѓународна соработка, г. Антонио Тајани, „Италија мора да биде во првите редови за промовирање на […]

Читај повеќе
31 октомври 2024
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ СО ДОГОВОР НА НЕОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ

Амбасадата на Италија во Скопје информира дека е објавен оглас за вработување на едно лице со договор на неопределено време за позицијата административен соработник. Пријавите за учество во постапката за избор мора да се испратат во рок од 15 дена од објавувањето на огласот. Огласот за вработување, кој ги содржи условите и упатствата за учество […]

Читај повеќе
11 октомври 2024
XXIV НЕДЕЛА НА ИТАЛИЈАНСКИОТ ЈАЗИК ВО СВЕТОТ

Од 14 до 29 октомври 2024 година, во Северна Македонија ќе се одржи XXIV издание на Неделата на италијанскиот јазик во светот (SLIM), посветено оваа година на темата „Италијанскиот јазик и книгата: светот меѓу редови“. Неслучаен избор, во многу важна година за италијанското издаваштво, во која нашата земја беше поканета како почесен гостин на престижни […]

Читај повеќе
12 септември 2024
ИТАЛИЈАНСКИОТ ВИЦЕПРЕМИЕР И МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ И МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА АНТОНИО ТАЈАНИ НА ПОСЕТА ВО СКОПЈЕ

На 10 септември 2024 година, заменик претседателот на Владата и министер за надворешни работи и меѓународна соработка на Република Италија, Антонио Тајани, се сретна во Скопје со министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија, Тимчо Муцунски. На средбата беше потврдено целосното внимание на Италија кон евроинтеграциската перспектива на земјата и беше […]

Читај повеќе