Оваа страница користи технички (потребни) и аналитички колачиња.
Продолжувајќи да прелистувате, прифаќате употреба на колачиња.

Вести

Внеси ги параметрите за барање
Reset
13 ноември 2020
Средба со Премиерот Заев

12 ноември Скопје. Амбасадорот Силвестри денес се сретна со Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, кој го прими во владината палата. При средбата, која се одржа во многу срдечна атмосфера, беа потврдени односите на големо пријателство и блискост меѓу двете земји. Во центарот на разговорот, исто така, беа напорите на македонската влада […]

Читај повеќе
6 ноември 2020
Средба на Амбасадорот Силвестри со Министерот Бујар Османи

На ден 2 ноември о.г.,Амбасадорот Силвестри оствари срдечна средба со Министерот Бујар Османи, со посебен осврт кон европските перспективи за Северна Македонија како и кон билатералните односи со Италија. Рим останува рамо-до-рамо до Скопје со цел да се обезбеди брзо започнување на преговорите за пристапување кон ЕУ.

Читај повеќе
6 ноември 2020
Предавање на акредитивните писма на Амбасадорот Андреа Силвестри до Претседателот Стево Пендаровски.

На ден 2 ноември о.г., Амбасадорот Андреа Силвестри изврши предавање на акредитивните писма до Претседателот на Република Северна Македонија,Стево Пендаровски. Потврдена е целосната италијанска поддршка кон процесот на европска интеграција на Скопје како и вољата за понатамошен развој на одличните билатерални односи.

Читај повеќе
5 ноември 2020
Одбележување на Денот на Вооружените Сили и Националното Единство на Италија

Амбасадорот Силвестри, заедно со Аташето за одбрана, Полк. Монталто, учествуваа изутринава на прославата на Денот на Вооружените Сили и Националното Единство на Италија. Истата се одржа во Битола, пред спомен плочата подигната во чест на 3000 италијански војници, загинати во Северна Македонија за време на Првата светска војна. На церемонијата, одржана во ограничен број на […]

Читај повеќе
15 октомври 2020
Нова Уредба на италијанската Влада (DPCM) од 13 октомври 2020

ПАТУВАЊЕ ОД И КОН ИТАЛИЈА: МЕРКИ НА СИЛА ОД 14 ОКТОМВРИ ДО 13 НОЕМВРИ Останува на сила забраната за влез во Италија за сите кои престојувале или транзитирале во Северна Македонија (земја во листата Ф) во последните 14 дена пред патувањето, освен за следните исклучоци: – државјани на ЕУ (вклучително и италијански државјани), на Шенген, […]

Читај повеќе
10 септември 2020
Уредба на италијанската Влада 7 септември 2020: продолжување на превентивните мерки од КОВИД-19 до 7 октомври

Во врска со мерките за борба против пандемијата КОВИД-19, Уредбата од 7 септември 2020 година ги продолжи, со некои мали измени и дополнувања, прописите за патување од / во странство веќе содржани во Уредбата од 7 август 2020 година. Новата Уредба важи од 8 септември до 7 октомври 2020 година. ПАТУВАЊЕ ОД И КОН СТРАНСТВО […]

Читај повеќе
10 август 2020
ЗАБРАНА ЗА ВЛЕЗ ВО ИТАЛИЈА ПРОДОЛЖЕНА ДО 7 СЕПТЕМВРИ

Со Декретот на Претседателот на Владата од 7 август оваа година, забраната за влез во Италија за лица кои доаѓаат од Р. Северна Македонија, или лица кои во транзит поминале низ Северна Македонија во претходните 14 дена, е продолжена до 7 септември 2020 година. Исклучок од забраната и со дозвола за влез во Италија се […]

Читај повеќе
2 август 2020
Нова Уредба на Министерот за здравство

Ограничувањата за влез во Италија за оние кои доаѓаат од Северна Македонија се продолжени со денешната наредба на Министерот за Здравство.Само граѓани на ЕУ и на држави од Шенген зона кои имаат и легален престој на италијанска територија (од датум пред 9 јули 2020 година), можат да влезат во Италија. Во секој случај, за последниве […]

Читај повеќе
17 јули 2020
Нова Уредба на Министерот за здравство за периодот 15-31 јули

Италијанскиот министер за здравство денес потпиша нова уредба со која се воведуваат, до 31 јули, некои новости: 1. вклучување на Косово, Црна Гора и Србија во списокот на трети земји од кои е забранет влез во Италија (забраната се однесува на секој што транзитирал или престојувал во претходните 14 дена во овие земји). Целосната листа […]

Читај повеќе
10 јули 2020
Нови ограничувања за патувања до и од Северна Македонија

Италијанскиот министер за здравство денес потпиша уредба (која е во процес на објавување) со која се воведуваат од денес а до 14 јули следниве нови ограничувања за патувања ВО и ОД странство: 1. Забрана за влез во Италија за оние кои во последните 14 дена престојувале/транзитирале во една од следниве земји: Ерменија, Бахреин, Бангладеш, Бразил, […]

Читај повеќе