Сертификатите за познавање на италијанскиот како странски јазик се уверенија кои го декларираат нивото на јазично-комуникациска компетентност на италијанскиот како странски јазик, поради што се незаменливи алатки за сите оние кои сакаат официјално да го потврдат своето ниво на познавање на јазикот во академски и работни контексти.
За да бидат официјално признати, сертификатите мора да бидат издадени од еден од институтите за сертификација (Универзитет за странци во Перуџа, Универзитетот за странци во Сиена, Универзитетот Рома Тре и Друштвото Данте Алигиери) акредитирани од Министерството за образование, универзитет и наука (MIUR) на Италија или од италијанското Министерство за надворешни работи и меѓународна соработка (MAECI), кои се дел од Здружението CLIQ “Certificazione Lingua Italiana di Qualità – CLIQ”, согласно со Договорот потпишан во 2012 година помеѓу Министерството за надворешни работи и Здружението CLIQ.
Во Република Северна Македонија, достапни се два различни типа на сертификати кои ги исполнуваат горенаведените барања:
- CILS (Потврда за познавање на италијанскиот како странски јазик), којшто го издава Универзитетот за странци во Сиена (https://unistrasi.it). Места за полагање се: Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје (https://flf.ukim.mk/); приватното училиште за италијански јазик „Аузонија“ во Скопје (http://www.auzonija.com.mk/) и јазичниот центар „Лингва“ во Битола (www.lingua.com.mk)
- ПЛИДА (Проект за италијански јазик Данте Алигиери). Одговорно за PLIDA сертификацијата во светот е Друштвото Данте Алигиери (https://www.dante.global/it), кое претставува културна организација за промоција на италијанскиот јазик. Единствениот испитен центар PLIDA во земјава е Институтот Данте Алигиери во Скопје (https://ladante.mk/?lang=it/).
И двата сертификати:
- се меѓународно признати;
- се дел од мрежата ALTE (Асоцијација за испитувачи за јазици во Европа);
- не истекуваат, имаат неограничена важност.
Намена
Сертификатите се наменети за странски државјани, италијански државјани кои живеат во странство (потомци на италијански емигранти) и странски имигранти во Италија.
Услови за пријава
Нема старосни ограничувања за пријава на испитите. Не е неопходно да имате специфични квалификации, ниту да имате положено пониско ниво на CILS или PLIDA испит.
Придобивки од сертификатите
Сертификатите се неопходни или потребни за:
- Добивање на дозвола за долготраен престој (согласно Министерска уредба од 4 јуни 2010 година);
- Добивање на италијанско државјанство со натурализација (во согласност со чл. 9.1 од законот 91/1992);
- Добивање на виза за студиски цели (ако студиите се спроведуваат на италијански) или за работа во Италија, во случаите во коишто познавањето на јазикот е потребно за извршување на работните обврски;
- Упис на италијански универзитет без да полагате тест за познавање на италијанскиот јазик кој го спроведува универзитетот домаќин. Минималното ниво потребно за запишување на италијански универзитет е Б2.
- Збогатување на вашето CV, со што ќе ви биде полесно да најдете работа и да стекнете можности за професионален напредок.
Сертификат CILS – главни карактеристики
Сертификатот CILS е поделен на нивоа кои соодветствуваат на прогресивно широки степени на познавање на јазикот и на различни социјални контексти на негова употреба, односно: ниво А1, ниво А2, ниво ЕДЕН-Б1, ниво ДВА-Б2, ниво ТРИ-Ц1, ниво ЧЕТИРИ-Ц2, согласно шесте нивоа на лингвистичко-комуникациска компетентност утврдени со Заедничката европска референтна рамка за јазици (CEFR). Секое ниво на CILS е автономно и целосно: сертификацијата на нивоата го потврдува усвоениот степен на комуникациска способност адекватна за специфични социјални, професионални и студиски контексти.
CILS нуди и наменски испити за одредени потреби како што се CILS за деца и адолесценти, А2 за интеграција во Италија (неопходен за барања за дозвола за престој “CE” или за„картичка за престој“ за сите странци кои живеат во Италија), CILS B1 за државјанство (неопходно за стекнување со италијанско државјанство).
Критериуми за оценување на испитните тестови – бодови
Испитот се положува доколку се достигне прагот на бодови во секоја од вештините што го сочинуваат испитот. Доколку кандидатот го добие минималниот резултат (кој варира во зависност од избраното ниво) само за некои вештини, се издава потврда за достигнатите бодови со која на последователен испит може да се полагаат само тестовите кои се однесуваат на вештината или вештините кои не се положени, без обврска за повторно полагање или плаќање на целиот испит. Вештините во кои е постигнат прагот за полагање се сметаат за валидни во рок од 18 месеци.
Забелешка: За CILS A2 и CILS B1 за државјанството не важи правилото за валидност на положени делови од неположен испит. Доколку не го достигнете потребниот праг на бодови на некоја вештина на испитот, нема да можете да ја надоместите, туку ќе мора одново да го полагате целиот испит во наредна сесија.
За да го дознаете календарот за испитите CILS 2025, кликнете овде DATE 2025.pdf
Сертификација PLIDA – Главни карактеристики
Сертификатите PLIDA го потврдуваат познавањето на италијанскиот јазик како странски јазик на различни нивоа на компетентност, од ниво А1 до ниво Ц2 согласно Заедничката европска референтна рамка за јазици (CEFR).
Постојат две програми за сертификација на PLIDA: PLIDA и PLIDA JUNIORES
Програмата за сертификација PLIDA е наменета за возрасни и нуди испити за нивоата А2, Б1 (потребни за добивање италијанско државјанство), Б2 и Ц2.
ПЛИДА Јуниор испитите, од друга страна, се наменети за адолесценти меѓу 13 и 18 години и нудат
испити за нивоата А1 до Б2.
Критериуми за оценување на испитните тестови – бодови
Испитот се смета за положен доколку кандидатот го постигне минималниот резултат (18/30) во секој од тестовите кои се однесуваат на четирите лингвистички вештини (слушање, читање, пишување, зборување). Кандидатите кои ќе поминат барем еден од четирите тестови кои го сочинуваат тестот ќе можат да добијат кредит за повторно да ги полагаат тестовите кои се однесуваат на единствената вештина или вештините кои не се положени во рок од 18 месеци. Овие тестови може да се преполагаат и на повеќе сесии.
За да го дознаете испитниот календар на Плида 2025, кликнете овде:
Calendario-esami-PLIDA-2025_-4.pdf
За дополнителни информации за сертификатите, процедурите за регистрација и тарифниците, заинтересираните може да се обратат до центрите CILS и PLIDA на следните е-адреси:
CILS сертификати:
branka.grivcevska@flf.ukim.edu.mk
или julijanasinadinovska@gmail.com
Сертификација PLIDA: