Оваа страница користи технички (потребни) и аналитички колачиња.
Продолжувајќи да прелистувате, прифаќате употреба на колачиња.

Објавен е „Конкурс за Западен Балкан 2024“ за приватни субјекти и невладини организации. Аплицирање: заклучно со 30 септември 2024

balcani

Министерството за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија (Дирекција за Европа и меѓународна трговска политика – DGUE) објави оглас (т.н. Конкурс за Западен Балкан) за проекти чија цел е да овозможи италијанско учество во меѓународни мировни и хуманитарни иницијативи, како и инцијативи за заштита на човековите права. Финансиските придонеси се доделуваат на предлог проекти чии што цели се поврзани со следните тематски области во регионот на Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Црна Гора и Србија):

  1. консолидација на демократските институции и поддршка на процесите за национално и регионално помирување, зајакнување на пристапниот процес на земјите од Западен Балкан во ЕУ и промоција на европската интеграција, превенција на тероризмот и екстремизмот, реформа на правосудниот сектор и изборните системи, транспарентност и борба против корупцијата и организираниот криминал;
  2. вклучување и вреднување на младите генерации, жените и националните малцинства во процесите на регионално помирување и интеграција во ЕУ;
  3. зајакнување на заштитата и промоцијата на човековите права;
  4. промовирање на почитувањето и распорастранување на меѓународното и хуманитарното право.

Предложените иницијативи може да бидат билатерални или регионални.

Достапниот финансиски фонд изнесува вкупно 240.000 евра.

Секој избран предлог проект може да добие придонес не поголем од 90% од вкупните трошоци потребни за реализација на предложените активности и во секој случај максимум до 30.000 евра.

Секоја иницијатива која е предмет на придонесот според овој Оглас мора да има максимално времетраење од 12 месеци од датата на потврдата за прифаќање на истата (според член 9 став 4), со можност за продолжување на рокот за завршување на проектните активности поради неоспорни и оправдани причини (истите треба да бидат докажани од страна на корисникот).

Поднесувањето на предлозите од страна на приватни субјекти кои имаат свое правно седиште во Италија или пак во друга Земја на Европската унија се врши исклучиво преку сертифицирана електронска пошта на адресата dgue.adriatico-balcani@cert.esteri.it и истовремено на bandobalcani@esteri.it. Електронската пошта во предметот треба да го содржи номинативот „RIF. Bando Balcani 2024“ како и името на предлагачот.

За субјектите кои имаат правна седиште во земја надвор од ЕУ (како Северна Македонија), апликацијата се поднесува исклучиво преку Дипломатското претставништво во таа земја (во овој случај, Амбасадата на Италија во Скопје).  Апликацијата, изготвена според приложениот модел и комплетирана со сите документи и веќе заверени изјави, може да се испрати или поднесе како пратка во хартиена форма, со натпис „Bando Balcani 2024“ на адресата на Амбасадата на Италија во Скопје (8ма Ударна Бригада бр.22, 1000 Скопје).

Крајниот рок за поднесување на апликацијата е до 12:00 часот на 30 септември 2024 година.

Сите прашања поврзани со оваа постапка, најкасно до 23 септември 2024 година, 12:00 часот, може да се испратат исклучиво во писмена форма (на англиски или италијански јазик) на е-маил адресата: dgue.adriatico-balcani@cert.esteri.it и истовремено на: bandobalcani@esteri.it , наведувајќи како предмет „RIF. Bando Balcani 2024 – QUESITI“.

Сите детали се достапни во огласот и во потребните формулари/прилози кои следат: