Questo sito usa cookie per fornirti un'esperienza migliore. Proseguendo la navigazione accetti l'utilizzo dei cookie da parte nostra OK

Економска соработка

 

Економска соработка

Според податоците на ММФ за 2018 година, БДП на Северна Македонија (во тековни цени) изнесува 12,8 милијарди долари (+ 2% во споредба со 2017 година) и порасна за 2,7%. Со население од 2,06 милиони жители, приходот по глава на жител (по тековни цени) изнесува 6.100 долари. Последните проекции на македонската Централна банка предвидуваат заздравување на економскиот раст на земјата во текот на следните две години: се очекува БДП да се зголеми за 3,5% во 2019 година, 3,8% во 2020 година и 4% во 2021 година, особено благодарение на позитивниот тренд во личната потрошувачка и во инвестициите.

Во однос на продуктивната структура, 66% од националниот приход се произведува во терциерниот сектор, особено во финансиските услуги, ИТ секторот и туризмот, додека индустрискиот сектор (вклучувајќи го и градежниот сектор) произведува 25% од богатството. Останатите 9% од производот доаѓаат од примарниот сектор.

Северна Македонија се рангира меѓу просечно задолжени земји за јавен долг - според параметрите на Мастрихт - претставувајќи однос на јавниот долг/БДП од 45,8%, главно финансиран на националниот пазар.

Република Северна Македонија нуди бројни даночни олеснувања кои го прават деловното опкружување "“investor friendly”, со данок на добивка предвиден од 10%, меѓу најконкурентните во Европа и споредба меѓу странските инвеститори и националните инвеститори, без никакви ограничувања за репатријација на добивката остварена на македонска територија. Дополнителни стимулации за странските инвеститори се вклучени во т.н. "Технолошки и индустриски развојни зони", слободни зони лоцирани во близина на главните градови (вклучувајќи го и Скопје), каде што инвеститорите можат да користат ослободувања од данок на добивка и персонален данок, во период од 10 години. Кон крајот на 2017 година, беа одобрени нови економски мерки во корист на гринфилд инвестициите како и проекти во најкритичните сектори, како што се инфраструктурата, енергетиката и животната средина.

Билатерални односи

2018 беше многу позитивна година за трговските односи меѓу Италија и Северна Македонија, со зголемување на вредноста на вкупната билатерална трговија, која достигна близу 614 милиони евра, што е еднакво на 13,6% повеќе. Вредноста на италијанскиот извоз изнесуваше 430 милиони евра, што претставува зголемување од 14% во споредба со претходната година, благодарение на придонесот на секторот за обувки, машини, текстил, храна и пластични производи. Увозот од Северна Македонија во Италија достигна вредност од 184 милиони евра, со раст од 12,6% во споредба со 2017 година.

Земајќи ги во предвид овие бројќи, Италија го потврди своето 6-то место во рангирањето на трговските партнери на Северна Македонија, по ред, по: Германија, Грција, Велика Британија, Србија и Бугарија. Исто така, Италија е рангирана на шесто место меѓу земјите клиенти на Северна Македонија, со учество од 3,1% од вредноста на извозот од Скопје, пред која и претходат Германија (47%), Бугарија (5,2%) и Србија (4%), Косово (3.8%) и Грција (3.2%). Италија го зазема шестото место, исто така, во рангирањето на земјите-снабдувачи на Северна Македонија, со учество од 5,6%, а пред неа се Германија (15,8%), Велика Британија (9,5%, вредност чија тежина е добиена од увозот на суровини и полупроизводи за производство на катализатори за автомобили од најголемата инвестиција на Велика Британија во земјата), Грција (8,5%), Србија (6,7%) и Кина (5,8%).

Тековите на италијанските директни инвестиции во странство во Северна Македонија се концентрирани главно во градежништвото, земјоделските и традиционалните сектори на брендот "Произведено во Италија - Made in Italy ", како што се текстилот, обувките и обработката на метал. Присуството на италијански компании е исто така важно во секторот за обновлива енергија.

*За асистенција од економско-трговскиот оддел кликнете тука

*Канцеларија ICE во Скопје (Агенција за промоција во странство и интернационализација на претпријатијата) http://www.ice.gov.it/paesi/europa/macedonia/

*За општи информации во врска со претприемништво во Северна Македонија, посетете ја веб страната:

http://www.infomercatiesteri.it/paese.php?id_paesi=77#slider-1


27