Questo sito usa cookie per fornirti un'esperienza migliore. Proseguendo la navigazione accetti l'utilizzo dei cookie da parte nostra OK

Соработка во областа на културата

 

Соработка во областа на културата

Културата - место за средба меѓу локално и глобално знаење - е привилегиран посредник помеѓу различните општества, иако блиски поради заедничките историски корени. За Амбасадата еден од најважните приоритети е промоцијата на италијанскиот јазик и култура, камен-темелник на огромното културно наследство кое се трансформира во мост помеѓу цивилизациите и го поттикнува дијалогот меѓу нив.

Билатералната соработка во областа на културата се базира на „Договорот за соработка во областа на културата, образованието и науката меѓу Владата на Република Италија и македонската Влада ", потпишана во Скопје на 21 јануари 1998 година, со која се дефинира општата рамка на односите во културата. Врз основа на членот 19, овој Договор се спроведува преку "Извршни програми", последната од кои беше потпишана на 20 октомври 2022 година (дополнителни информации околу програмате се достапни на следниот линк https://ambskopje.esteri.it/ambasciata_skopje/it/ambasciata/news/eventi-culturali/2022/10/firma-v-programma-di-collaborazione.html).

Мора да се спомене и "Спогодбата за копродукција во кинематографијата меѓу Македонската Влада и Владата на Италија ", потпишана во Скопје на 15 ноември 2002 година.

Бројните активности во организација на Амбасадата од областа на културата и промоцијата на нашиот јазик, благодарение и на одличната соработка со Катедрата за италијански јазик и книжевност на Филолошкиот факултет "Блаже Конески" при Универзитетот "Свети Кирил и Методиј„ во Скопје, како и со "Институтот Данте Алигиери Скопје, се поделени низ серија настани кои се оддржуваат секоја година, како што се: "Неделата на италијанскиот јазик "Недела на италијанскиот филм", "Неделата на италијанската кујна".

Амбасадата, исто така, реализира и поддржува разни иницијативи и настани поврзани со уметноста, музиката, литературата, киното, театарот, танцот, модата, фотографијата, архитектурата, дизајнот и кујната (за настаните видете: https://ambskopje.esteri.it/ambasciata_skopje/it/ambasciata/news/eventi-culturali).


42