Италија е еден од главните поддржувачи на европските и евроатлантските аспирации на Северна Македонија и ја поддржува земјата во реформските процеси неопходни за достигнување на овие цели, и со активно учество во областа на ИПА. Италијанскиот искрен и силен придонес во земјата е вкоренет во интеринституционалната соработка, во зацврстувањето на демократијата во земјата и на структурните реформи, особено во областа на владеењето на правото, независноста и автономноста на судството, борбата против корупцијата и организираниот криминал.
Како што е познато, Северна Македонија во март 2020 година, по решавањето на спорот со Република Грција, со влезот во НАТО постигна една од најважните стратешки цели. Меѓутоа, втората стратешка цел на РСМ и денеска останува нерешена, а тоа е влезот во Европската Унија, со оглед на тоа што пристапните преговори доживуваат период на застој поради противењето на Бугарија.
Италијанската Република ја признава Северна Македонија како суштинска држава за стабилноста на Западен Балкан, регион близок до Италија и со кој има многу длабоки историски, политички, социјални и економски врски. На ниво на ЕУ, италијанската позиција отсекогаш била јасна, Италија ја поддржува евроинтеграцијата на земјата, како што во неколку наврати беше забележано од македонскиот партнер; и во најтешките моменти Италија никогаш не ја повлече поддршката, останувајќи убедена во потребата од што поскоро започнување на пристапните преговори.
Состојбата на политичките односи меѓу Италија и Северна Македонија е одлична и во последните години постојано се интензивира. Ова го покажуваат честата фреквенција и највисокото ниво на институционални средби и посети. Во овој поглед мора да ги споменеме: посетата на Скопје на министерката за внатрешни работи Лучана Ламорџезе на 30 ноември 2021 година, потоа следеше посетата на министерот за внатрешни работи на РСМ Оливер Спасовски на Рим на 25 мај во Рим. Посетата на министерот за земјоделство на РСМ Љупчо Николовски на неговиот колега Стефано Патуанели во Рим, на 28 и 29 април. Посетата на Скопје на претседателот на Домот на пратеници Роберто Фико, на 12 и 13 април 2022 година, по повод средба со неговиот колега Талат Џафери. На крајот, средбата меѓу премиерот Марио Драги и премиерот Димитар Ковачевски, која се одржа во Рим на 24 мај оваа година, ги потврди одличните односи меѓу двете земји и важноста што и двете ја придаваат на промовирање на стабилноста и растот на Западен Балкан и за целта за евроинтеграција на регионот. Како потврда за одличните односи не можеме а да не ја цитираме официјалната посета на Господинот Претседател на Републиката Серџо Матарела на 8 и 9 септември 2022, трета по ред посета на Шеф на Италијанската Држава по осамостојувањето на Република Северна Македонија (дополнителни информации можете да прочитате на следниот линк: https://ambskopje.esteri.it/ambasciata_skopje/it/ambasciata/news/dall_ambasciata/2022/09/visita-del-presidente-della-repubblica.html).
Исто така, треба да се напомене дека во последните месеци беа потпишани два билатерални меморандуми за зајакнување на соработката, односно во земјоделската област и во областа на борбата против трговијата со дрога, кои следуваат по меморандумот за соработка потпишан во 2021 година помеѓу АНАК и Комисијата за спречување на корупцијата во РСМ. Во тој однос, во рамки на блиската соработка остварена и на техничко ниво, се споменува и неодамнешната посета на Вицепремиерот за политики за добро владеење на Северна Македонија, Славица Грковска, којашто се сретна во Рим со Министерот за Јавна Администрација Ренато Брунета и Претседателот на АНАК Џузепе Бузиа, како и посетата на Државниот Совет.