Во понеделник на 7 мај, во Стопанската комора на Македонија, се оддржа средбата "Invest in Macedonia ", со цел претставување на новите владини мерки за поддршка на странските и домашните компании и продуктивни инвестиции на италијанските инвеститори во Македонија. Средбата ја организираше Амбасадата во соработка со канцеларијата на „ICE„ и "Confindustria Macedonia", благодарение и на соработката на Стопанската комора на Македонија. На состанокот присуствуваа Министерот (без ресор) задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска и шефот на Дирекцијата за слободни зони, Александар Младеновски.
Италијанските претприемачи присутни во Македонија имаа можност директно од Министерот да се запознаат кои се новите мерки што Владата ги нуди за поддршка на инвестициите во капитални добра и имот, за стимулирање на извозот, за купување на материјали и репроматеријали од македонски добавувачи, за поттикнување на создавањето нови работни места и зголемување на платите, особено за квалификуваниот персонал.
Остануваат непроменети мерките предвидени за компаниите кои работат во "осумте слободни индустриски зони" на Земјата (од кои две во Скопје, кадешто неколку италијански компании веќе работат): ослободување од ДДВ, од акцизи и царински давачки за увоз на производствени машини; формирање на специјални канцеларии за поддршка на заинтересираните компании; олеснување на цената за изнајмување на земјиште (1000 евра годишно по хектар).
Според новото законодавство, за да биде корисник на субвенции, компанијата треба да исполни три барања: 1) активноста која ја врши фирмата да биде во примарниот сектор или во производството (исклучени се услужните дејности); 2) приходите од минатата година да бидат поголеми од просечниот приход за последните три години; 3) бројот на вработени да е поголем или еднаков на просекот од претходните три години. Меѓу корисниците на субвенции не се вклучени јавните претпријатија, компаниите кои се предмет на лиценцирање, компаниите со регулирана дејност , компаниите поврзани со воената индустрија, компаниите кои се сопственици на концесии, компаниите кои произведуваат производи подложни на акциза.
Средбата заврши со прашања и коментари на италијанските инвеститори кои се обратија до Министерот и директорот на слободните индустриски зони за да добијат повеќе детали за изгласаните мерки, како и да разговараат за поопшти прашања, како на пример, долгите и сложени бирократски процедури, или тешкотијата за наоѓање квалификувана работна сила и соодветни локални добавувачи. Севкупно, тоа беше настан кој имаше добра медиумска покриеност, кој се смета за исклучително позитивен од двете страни: не само од страна на компаниите кои учествуваа, кои беа во можност да добијат информации од прва рака и директно од претставниците на владата одговорни за имлементација на мерките, но и од македонските институционални претставници, кои имаа можност директно да се состанат со важна и квалификувана публика на италијански инвеститори кои произведуваат приходи и обезбедуваат работни места во државата.
https://www.facebook.com/ItalyinMKD/photos/pcb.1538697932919151/1538695919586019/?type=3&theater