На 14 мај оваа година се оддржа свеченото отворање на градежните работи на автопатот Градско-Прилеп, на потегот Градско - Дреново, во присуство на Премиерот Заев и други претставници на Владата на Република Македонија (меѓу кои и Министерот за финансии Драган Тевдовски). Настанот, организиран во соработка со Делегацијата на ЕУ, се оддржа во седиштето на италијанската компанија "Тирена Скави СПА" од Лука, која го доби тендерот за изградба на споменатиот автопат. Изградбата на патот, во должина од 15,5 км, претставува вкупна инвестиција од 60 милиони евра (од кои 23 милиони се доделени од ЕУ) и ќе биде изграден според сите технички и безбедносни стандарди; како што е предвидено треба да биде завршен до 2020 година.
Целта на македонската Влада е подобрување на патната инфраструктура поради две причини: намалување на времето на патување и последователно подобрување на врските меѓу Земјата и и остатокот од регионот; значително подобрување на квалитетот на транспортот, така што ќе се постигне поголема безбедност на патиштата.
Премиерот изјави дека е многу задоволен од перспективите од изградбата на патот; една од точките на кои тој се фокусираше е и обидот да се поправат загрижувачките податоци за безбедност на патиштата.
Експресниот пат е дел од „Гранката Д " на последната врска што недостасува на коридорот X, кој е еден од најважните меѓународни патишта кои минуваат низ Македонија, а го поврзуваат регионот со остатокот на Европа (насока север-југ ).
Во врска со понудите на локалниот пазар, Тирена Скави неодамна доби уште еден тендер во земјата, за автопатската делница Ранковце-Крива Паланка (должина 26 км, со 22 мостови, 9 надвозници, 13 мостови и две клучки; финансирање од Светската банка со кредит од 83 милиони евра, одобрен во октомври 2015 година) на источниот огранок на Коридорот VIII, другиот голем меѓународен пат кој поминува низ Македонија (долж исток-запад). Изградбата на оваа втора инвестиција треба да започне во следните неколку месеци.
Овие дополнителни успеси на италијанската компанија потврдуваат дека Македонија нуди пазар на големи можности, не само по должината на двата главни трансевропски коридори - Коридорот VIII, е речиси целиот во идна изградба, и автопатот и железничкиот дел – туку и за неопходното развивање на секундарните локални патни мрежи и сервисни јазли кои ќе мора да придонесат за подобрувањето на поврзаноста на големи растојанија. Се работи за перспектива во која италијанските компании позитивно се позиционирани, поради нивното консолидирано присуство во регионот, како и поради високата репутација што ја уживаат кај македонските власти во однос на понудениот квалитет.