Questo sito usa cookie per fornirti un'esperienza migliore. Proseguendo la navigazione accetti l'utilizzo dei cookie da parte nostra OK

XXII НЕДЕЛА НА ИТАЛИЈАНСКАТА КИНЕМАТОГРАФИЈА - „Херои и антихерои во италијанскиот филм“

Data:

12/05/2022


XXII НЕДЕЛА НА ИТАЛИЈАНСКАТА КИНЕМАТОГРАФИЈА - „Херои и антихерои во италијанскиот филм“

Од 16 до 23 мај 2022 година - по трагите на успехот на претходните изданија - во "Кинотеката на Република Северна
Македонија" во Скопје ќе се одржи XXII „Недела на италијанската кинематографија“, филмска ревија на италијански
филмови, оваа година посветена на хероите и антихероите во италијанскиот филм. Настанот во организација на Амбасадата на Италија ќе биде отворен на 16 мај во 20.00 часот со проекција на филмот „Го нарекуваа Џиг Робот“, оригинален трилер-фантазија во режија на Габриеле Маинети (2015). Главна улога е Клаудио Сантамарија, кој со овој филм ја доби престижната награда Давид ди Донатело за најдобар главен актер, толкувајќи ја улогата на ситен криминалец од предградието кој се претвори во позитивен и непобедлив херој. За Неделата сите филмови се преведени и титлувани на македонски јазик.

Неделата ќе продолжи со прикажување на серија неодамнешни филмови, со меѓународно познати актери како Стефано Акорси и Матилда Де Анџелис, главни улоги на филмот „Брз како ветрот“ (2016), инспириран од вистинската приказна на рели возачот Карло Капоне. Комичната „Италијанци“ (2009) со Карло Вердоне, Рикардо Скамарчо и Серџо Кастелито. Проследено со „Сета
моја луда љубов“ (2019) - возбудливо патување низ Балканот - со Диего Абатантуоно, Валерија Голино и Клаудио Сантамарија. Елио Џермано, Изабела Рагонезе, Раул Бова, Лука Ѕингарети и Стефанија Монторси се протагонисти на драматичната и деликатна „Нашиот живот“ (2010). На крајот, два филма кои влегоа во историјата на италијанската кинематографија: „Мама Рома“, во режија на Пјер Паоло Пазолини во 1962 година, со извонредната и незаборавна Ана Мањани, и конечно „Тежок живот“ (1961) со величествениот Алберто Сорди кој заедно со Леа Масари толкува емблематичен лик на идеалист кој ги претставува промените што ги претрпеа Италија и италијанците од повоениот период до годините на економскиот бум.


582