Амбасадата на Италија во Скопје и Институтот Данте Алигиери во Скопје објавуваат конкурс за изработка на постер во чест на одбележувањето на 700° годишнина од смртта на големиот поет Данте Алигиери.
Конкурсот, наменет за учениците од Средното уметничко училиште во Скопје и државните и приватни академии и факултети за ликовни уметности, архитектура и дизајн во Северна Македонија, има за цел да поттикне интерес кај младите за Данте и за неговото дело.
Учеството на Конкурсот предвидува изработка на уметнички постер на темата на Конкурсот “Данте 700”.
За да го прочитате конкурсот и да ги симнете формуларите за аплицирање кликнете на следниот линк:
https://drive.google.com/drive/folders/1DtooLPAOfYA75GADNKAnb7EMv1Vl_Dq6?usp=sharing