На 5 ноември (11.15 – 12.30), по повод Денот на италијанскиот дизајн во светот, под менторство и покровителство на Амбасадата на Италија во Северна Македонија и во соработка со Институтот „Данте Алигиери“ од Скопје се организира онлајн мастер час со познатиот италијански дизајнер и илустратор проф. Серџо Оливоти со наслов:
„Етиката на креативноста / дизајнирање книги за деца„
Мастер часот ќе се одржи со присуство во едукативниот центар М6 во Скопје (http://m6.edu.mk/ ) а истовремено ќе биде бесплатно пренесуван преку платформата Зум на италијански јазик, со превод на англиски и македонски јазик.
За да учествувате онлајн ве молиме пријавете се на следниот линк:
http://m6.edu.mk/registration-page/?event=2246
Потоа едукативниот центар М6 ќе ги обезбеди лозинките за онлајн пристап на настанот.
#IDD2020
#ItalianDesignDay