Questo sito usa cookie per fornirti un'esperienza migliore. Proseguendo la navigazione accetti l'utilizzo dei cookie da parte nostra OK

Нова платформа за промоција на италијанската книга во странство

Data:

23/06/2020


Нова платформа за промоција на италијанската книга во странство

www.newitalianbooks.it  е новата платформа за промоција на италијанската книга во странство. Станува збор за нова дигитална алатка која првенствено е наменета на учесниците во книжевниот процес (уредници, литературни агенти, извидници по нови таленти, илустратори, преведувачи, книжари), но исто така и за пошироката јавност која е заинтересирана за италијанската култура и јазик во странство (културни оператори, книжевници, професори по италијански јази и култура, универзитетски студенти и ученици).

Порталот е исто така агилна платформа за размена и споредба за професионалци од овој сектор, чија цел првенствено е промовирање на продажбата на правата на италијански дела во светот, а веќе започнува со над шестотини книжевни дела, групирани по основ на жанрот (нарација, фикција, стрипови, книги за деца), покажувајќи го силниот интерес со кој италијанските издавачи ја даваат својата поддршка за оваа нова иницијатива.

Во внатрешноста на порталот се вклучени:

- дел посветен за презентација на наградите и придонесите за превод од Министерството за надворешни работи и меѓународна соработка;

- посебен простор наменет за новости и придонеси за промотивните активности на италијански автори организирани од дипломатско-конзуларната мрежа и Институтите за култура.


443