Questo sito usa cookie per fornirti un'esperienza migliore. Proseguendo la navigazione accetti l'utilizzo dei cookie da parte nostra OK

НЕДЕЛА НА ИТАЛИЈАНСКИ ФИЛМ

Датум:

26/07/2018


НЕДЕЛА НА ИТАЛИЈАНСКИ ФИЛМ

Од 17 до 23 мај се оддржа осумнаесеттиот филмски фестивал на италијански филмови, во организација на Амбасадата а оваа година преименуван во "Недела на италијанскиот филм" во согласност со иницијативата на Министерството за надворешни работи и меѓународна соработка " Fare Cinema - I Mestieri del Cinema - I Settimana del Cinema italiano nel mondo ".

На настанот му претходеше нова и широко распространета рекламна промоција преку рекламни паноа поставени на значајни сообраќајници во најпосетените делови на градот, како и вообичаеното споделување на официјалната веб страна на Амбасадата, на социјалните мрежи и во печатот, употребувајќи го логото "Fare Cinema". Еден ден пред почетокот на оваа Недела, Амбасадорот Ромео учествуваше во популарната ТВ емисија "Утринска на Телма" (утринска програма на Телма ТВ со голем број гледачи низ Македонија) со интервју во живо во кое ги претстави целите на Неделата на итаијанскиот филм.

Отворањето на фестивалот беше на 17-ти мај, со проекција на филмот " Call Me by Your Name", во режија на Luca Guadagnino во 2017 година, добитник на Оскар за најдобро адаптирано сценарио (James Ivory), кандидат со три номинации за Најдобар филм, Најдобар актер (Timothée Chalamet) и Најдобра песна ("Mystery of Love "). За разлика од другите години, инаугурацијата се оддржа во киното „Милениум", најголемото кино во Скопје, со важен јавен и критички консензус. Во својот поздравен говор, Амбасадорот потсети, меѓу другото, дека на тој ден се одбележува "Меѓународниот ден за борба против хомофобијата, трансфобија и бифобијата" нагласувајќи ја универзалноста и еднаквоста на човековите права и основни слободи, и посветеноста на МНРМС во борбата против сите форми на нетолеранција и дискриминација, исто така врз основа на сексуалната ориентација и родовиот идентитет, еден од приоритетите на италијанската надворешна политика за промоција на човековите права.

Остатокот на настанот се оддржа во Кинотеката на Македонија - со години партнер на Амбасадата во оддржувањето на Неделата на италијанската кинематографија - претставувајќи уште една новина, односно структурирање на иницијативата околу одредена тема: работата. Почнувајќи од борбата за опстанок на тие кои се обидуваат да стигнат до реализација на себеси, се до тие кои успеваат да ја протолкуваат како основа на сопственото постоење. Темата е уште порелевантна, дури и во Македонија, во време кога се’ уште се живеат последиците од долгата економска и финансиска криза, и се чини дека особено младите генерации се првите жртви. Сепак, филмовите имаа ироничен и забавен пристап кон оваа тема (на пример"Generazione mille euro" од Massimo Venier, "Sei mai stata sulla luna?" од Paolo Genovese, како и "Primo incarico" од Giorgia Cecere) основани врз долгата традиција на италијанската комедија.

Сите проекции – на кои им претходеше промотивното видео " Fare Cinema " – беа многу добро прифатени од публиката, со изненадувачки голем одѕив на проекциите. Присутни беа не само академици и студенти, туку и многу кино ентузијасти и други гледачи. Имаше денови кога проекциите беа целосно распродадени. Преводот на македонски јазик на филмовите беше обезбеден благодарение на соработката на студентите на Катедрата за италијански јазик на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје. Од оваа перспектива, обидот да се предложат италијанскиот јазик и култура во странство во филмската индустрија во оваа прилика само ја потврди нивната традиционална успешност.

 


274