Questo sito usa cookie per fornirti un'esperienza migliore. Proseguendo la navigazione accetti l'utilizzo dei cookie da parte nostra OK

Нови мерки за патниците кои пристигнуваат од аеродромите Милано-Малпенса и Тревизо

Датум:

04/03/2020


Нови мерки за патниците кои пристигнуваат од аеродромите Милано-Малпенса и Тревизо

Министерот за здравство на Република Северна Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција (4 март 2020 година) информира дека нема нови COVID-19 позитивни пациенти во земјава, покрај првата и единствена пациентка, која е хоспитализирана и е во добра состојба.

Министерот исто така, за понатамошно зголемување на нивото на контрола, најави дека е воведена нова мерка што се состои во пополнување, од страна на сите патници кои пристигнуваат од аеродромите во Милано-Малпенса и Тревизо на летовите Визер, на „здравствен локатор-карта“. Овој формулар, кој ќе им се дели на патниците за време на летот, содржи информации на која адреса ќе престојуваат за време на престојот во Северна Македонија и се користи за да им овозможи на локалните власти да контактираат со лица во случај на сомнителна симптоматологија која би се јавила по пристигнувањето на патниците во земјава. Во тој случај, надлежните ќе можат да го активираат протоколот и да ги предупредат луѓето кои седеле во близина на патникот во авионот со сомнителни симптоми.

 

http://zdravstvo.gov.mk/ushte-edna-merka-za-podignuvanje-na-kontrolata-patnicite-so-avionite-na-wizz-air-od-milano-i-venecija-na-skopskiot-i-ohridskiot-aerodrom-kje-popolnuvaat-zdravstven-lokator-karta-za-kontrola-i-sledlivo/

 

https://vlada.mk/node/20405


393