Македонската Влада денес донесе одлука за воведување на полициски час од 20.00 до 05.00 часот следниот ден и затворање на сите угостителски активности, освен за услуги за носење. Овие мерки се на сила до 20 април 2021 година. На сила е и обврската за заштитна маска и на отворено и забрана за собирање повеќе од 4 лица на јавно место.
Ажурирано на 21.04.2021. Гореспоменатите рестриктивни мерки се продолжени до 27 април 2021 година.