Questo sito utilizza cookie tecnici, analytics e di terze parti.
Proseguendo nella navigazione accetti l'utilizzo dei cookie.

Preferenze cookies

Средба меѓу министерката Ламорџезе и министерот Спасовски

Министерката за внатрешни работи Лучана Ламорџезе денеска во Рим го прими Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Посетата на министерот на Северна Македонија, која следи по онаа на 30 ноември од страна на италијанската министерка во Скопје, ја потврди одличната соработка во областа на внатрешните работи и безбедноста. Освен за борбата против трговијата со дрога и организираниот криминал, министрите разговараа и за активностите за борба против корупцијата и борбата против илегалната миграција по балканската рута.

По повод средбата, началникот на италијанската полиција Ламберто Џанини и директорот на Бирото за јавна безбедност на МВР на Северна Македонија Сашо Тасевски потпишаа и Меморандум за соработка за борба против трговијата со дрога. Меморандумот ќе овозможи зајакнување на истражната соработка на техничко и оперативно ниво со цел да се добијат докази во однос на соодветното законодавство за прекршоци за дроги и хемиски прекурсори, како и за запленување на шверцувани дроги и разградување на поврзаните транснационални криминални организации.