Questo sito usa cookie per fornirti un'esperienza migliore. Proseguendo la navigazione accetti l'utilizzo dei cookie da parte nostra OK

ПРАВИЛАТА ЗА ВЛЕЗ ВО ИТАЛИЈА СЕ ПРОДОЛЖУВААТ ДО 30 АПРИЛ 2022 ГОДИНА

Data:

01/04/2022


ПРАВИЛАТА ЗА ВЛЕЗ ВО ИТАЛИЈА СЕ ПРОДОЛЖУВААТ ДО 30 АПРИЛ 2022 ГОДИНА

Согласно Уредбата на Министерството за здравство од 29 март 2022 година, со која се продолжуваат мерките од претходната Уредба од 22 февруари 2022 година, заклучно со 30 април 2022 година за влез во Италија од Северна Македонија или која било друга земја, доволно е да се прикаже:

- дигитален европски Ковид сертификат (потврда за вакцинација или сертификат на оздравување) или негативен молекуларен / антигенски тест

- формуларот PLF (Passenger Locator Form) во дигитална или хартиена форма.

Во случај да не се поседува еден од горенаведените сертификати, се применува мерката карантин во времетраење од 5 дена, со обврска да се направи молекуларен или антигенски тест на крајот на тој период.

Децата на возраст под шест години се ослободени од обврската за спроведување на молекуларен или антигенски тест.

ИСКЛУЧОЦИ

Под услов да не постојат симптоми на Ковид-19 и со обврска да се поседува PLF, горенаведените одредби не се применуваат:

1) за превозниците;

2) за екипажот на превозниците;

3) за прекугранични работници кои влегуваат и излегуваат од Италија поради докажани работни причини и заради последователно повторно патување во своето живеалиште или дом;

4) за ученици и студенти кои учат/студираат во држава различна од онаа на живеење, дом или престој, во која се враќаат секој ден или најмалку еднаш неделно во своето живеалиште или дом;

5) за секој кој транзитира, со приватно возило, на италијанската територија во период не подолг од триесет и шест часа, со обврска, по истекот на тој рок, веднаш да ја напушти националната територија или, доколку тоа не го стори, да започне период на изолација од пет дена на адресата наведена во формуларот PLF, и на крајот на тој период, да се подложи на молекуларен или антигенски тест, извршен со брис;

6) за секој кој се враќа во Италија, по престој од не подолг од четириесет и осум часа, од странство, од места на оддалеченост не повеќе од 60 км од местото на живеење или домашната адреса, доколку патувањето е извршено со приватно возило;

7) во случај на престој не подолг од четириесет и осум часа во локалитет кој се наоѓа на италијанска територија, што се наоѓа на оддалеченост не повеќе од 60 км од местото на живеење или домот на лицето кое живее на таа локација во странска држава, под услов патувањето да се одвива со приватно возило.

За овие и други прашања кои се однесуваат на Конзуларното одделение и Канцеларијата за визи, можете да се јавите:

Во понеделник од 10:00 до 13:00 часот и од 14:30 до 16:00 часот. Од вторник до четврток од 14.30 до 16.00 часот и петок од 13.30 до 15.00 часот.

+389 2 3236517

+389 2 3236518

+389 2 3236519

+389 2 3236520


559