Questo sito usa cookie per fornirti un'esperienza migliore. Proseguendo la navigazione accetti l'utilizzo dei cookie da parte nostra OK

Италија ѝ донираше над 250 000 дози на Република Северна Македонија

Data:

07/02/2022


Италија ѝ донираше над 250 000 дози на Република Северна Македонија

Денес, 7 февруари 2022 г., во попладневните часови, пристигна во Скопје првиот дел од италијанската донација од 250.380 вакцини Pfizer (втората пратка пристигнува во среда, 9 февруари). Ова е најголемата донација досега направена од една земја за Северна Македонија, како што најави министерката за внатрешни работи на Италија, Лучана Ламорџезе, при нејзината посета на Северна Македонија при крајот на минатата година. Донацијата од Министерство за надворешни работи на Република Италија донација беше реализирана преку механизмот Ковакс (спроведена од страна на Уницеф во соработка со Гави, Ваксин Алианс и СЗО)

Оваа донација е дел од еден општ италијански план за поддршка, како во улога на земја членка на ЕУ, така и во билатерален контекст, а чија цел е да се поттикне вакцинацијата на глобално ниво. Во 2021 година Италија издвои 385 милиони евра за Ковакс системот и 45 милиони дози вакцини наменети за други земји. „Преку оваа донација сакаме да ѝ пружиме конкретна поддршка на Северна Македонија во борбата против пандемијата на Ковид-19“ изјави Амбасадорот Силвестри и додаде: „Важно е сега да се интензивира кампањата за вакцинација, за да се обезбеди поголема заштита на населението“.

На овој апел се придружи и Министерот за здравство на Република Северна Македонија, Беким Сали, кој срдечно се заблагодари за донацијата и за континуираната поддршка што Италија ѝ ја пружа на Северна Македонија.

Денешната донација е во согласност со традиционалната италијанска поддршка за Северна Македонија, вклучително и во здравствениот сектор. Имено, во тек е последната фаза од „Програмата за рационализација и модернизација на биомедицинската технологија во здравствениот сектор во Република Северна Македонија“, што се реализира со помош на мекиот заем кој Италија ѝ го додели на Северна Македонија со цел набавка на современи машини во здравствениот сектор, во вкупна вредност од над два и пол милиони евра.

https://scontent.fskp4-1.fna.fbcdn.net/v/t39.30808-6/s600x600/273390869_4580607402061507_1184353114208376329_n.png?_nc_cat=101&ccb=1-5&_nc_sid=730e14&_nc_ohc=y8BH3uysIVoAX-ZzEHp&_nc_ht=scontent.fskp4-1.fna&oh=00_AT_jGLwIU3oGKhHb5IvLSscUmGGfjVxnx4FLXplJtsOa3A&oe=62060A2E

 


557