Questo sito usa cookie per fornirti un'esperienza migliore. Proseguendo la navigazione accetti l'utilizzo dei cookie da parte nostra OK

НОВИ ПРАВИЛА ЗА ВЛЕЗ / ВРАЌАЊЕ ВО ИТАЛИЈА ОД РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Data:

31/01/2022


НОВИ ПРАВИЛА ЗА ВЛЕЗ / ВРАЌАЊЕ ВО ИТАЛИЈА ОД РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Согласно уредбата на Mинистерот за здравство донесена на 27 јануари 2022 година, од 01 февруари 2022 до 15 Март 2022 година, влезот во Италија на лицата кои транзитирале или престојувале, во период од четиринаесет дена пред влезот во Италија, во држава или територија од листата Е, каде се наоѓа и Република Северна Македонија, е дозволен само ако се исполнува еден од следниве причини или услови:

а) работни потреби;

б) апсолутна итност;

ц) здравствени потреби;

д) студии;

е) враќање во својот дом или живеалиште;

ф) влез во Италија од страна на државјаните на земјите-членки на Европската унија, на државите членки на Шенгенскиот договор, Андора, Кнежеството Монако, Република Сан Марино, Ватикан;

г) влез во Италија на членовите на семејството на физичките лица наведени под ставот ф), како што е дефинирано со членовите 2 и 3 од Директивата 2004/38 / ЕЗ на Европскиот парламент и на Советот од 29 април 2004 година, кои се однесуваат на правото на граѓаните на Унијата и членовите на нивните семејства слободно да се движат и престојуваат на територијата на земјите-членки, со што се менува Регулативата (ЕЕЗ) бр. 1612/68 и ги укинува Директивите 64/221 / EEC, 68/360 / EEC, 72/194 / EEC, 73/148 / EEC, 75/34 / EEC, 75/35 / EEC, 90/364 / EEC, 90 / 365 / EEC и 93/96 / EEC;

х) влез во Италија на државјани на трети земји кои имаат дозвола за престој во Италија за долг период, согласно Директивата на Советот 2003/109 / ЕЗ од 25 ноември 2003 година која се однесува на статусот на државјаните на трети земји кои се долгогодишни жители, како и на граѓаните на трети земји кои правото на престој го добиваат од други европски одредби или од националното законодавство;

и) влез во Италија на членовите на семејството на физичките лица наведени во ставот х), како што е дефинирано со членовите 2 и 3 од Директивата 2004/38 / ЕЗ на Европскиот парламент и на Советот од 29 април 2004 година, кои се однесуваат на правото на граѓаните на Унијата и членовите на нивните семејства слободно да се движат и престојуваат на територијата на земјите-членки, со што се менува Регулативата (ЕЕЗ) бр. 1612/68 и ги укинува Директивите 64/221 / EEC, 68/360 / EEC, 72/194 / EEC, 73/148 / EEC, 75/34 / EEC, 75/35 / EEC, 90/364 / EEC, 90 / 365 / EEC и 93/96 / EEC;

л) влез во Италија со цел да стигне до живеалиштето или домот на лицата наведени во ставовите ф) и х), дури и ако не се во заедница, но со кои постои докажана и стабилна емотивна врска;

м) учество на спортисти, технички лица, судии и спортски комесари, претставници на странски медиуми и придружни лица на спортски натпревари, признаени како врвен национален интерес со одредба на Италијанскиот национален олимписки комитет (CONI) и Италијанскиот параолимписки комитет (CIP) и регулирани со специфичен безбедносен протокол усвоен од спортската организација која го организира настанот.

ВЛЕЗОТ ВО ИТАЛИЈА НА ГОРЕНАВЕДЕНИТЕ ЛИЦА Е ДОЗВОЛЕН ДОКОЛУ СЕ ИСПОЛНУВААТ СЛЕДНИВЕ УСЛОВИ:

а) при влегувањето во авион/траект да се покаже на лицето кое е назначено да ги врши проверките, потврда дека е направен молекуларен тест максимум 72 часа или брз антигенски тест максимум 24 часа пред влезот во Италија, направен преку брис и резултатот да биде негативен;

б) при влегувањето во авион да се покаже на лицето кое е назначено да ги врши проверките, Passenger Locator Form (PLF) https://app.euplf.eu/#/  во дигитален формат со покажување од мобилен уред или во печатена форма;

ц) упатување во самоизолација на адресата наведена во Passenger Locator Form во времетраење од 10 дена;

д) да се направи молекуларен или антигенски тест, извршен со брис, на крајот од самоизолацијата наведена во ставот ц).

ИСКЛУЧОЦИ ОД ОБВРСКАТА ЗА САМОИЗОЛАЦИЈА

1. Под услов да не се појават симптоми на KОВИД-19, но секако да се приложи Passenger Locator Form (PLF), како и да се приложи молекуларен или антигенски тест, здравствениот надзор и мерката за самоизолација не се применува:

1) за влез од работни причини уредени со посебни безбедносни протоколи, одобрени од надлежен здравствен орган;

2) за влез од неодложни причини, со претходно овластување од страна Министерството за здравство и со обврска да му покаже на превозникот во моментот на влегување во авион/траект и на секој кој е назначен да ги врши проверките, потврда дека е направен, максимум четириесет -осум часа пред влезот во Италија, молекуларен или антигенски тест, извршен со брис и со добиен негативен резултат;

3) на здравствениот персонал кој влегува во Италија заради вршење на професионални здравствени дејности, вклучително и привремена работа, во согласност со чл. 13 од Уредбата од 17 март 2020 година, бр. 18, конвертиран, со измени и дополнувања, со законот од 24 април 2020 година, бр. 27;

4) на персоналот на фирми и субјекти со седиште или секундарна канцеларија во Италија за патување во странство заради докажани работни потреби во траење не повеќе од сто и дваесет (120) часа;

5) на службеници назначени од Европската унија или меѓународни организации, дипломати, административен и технички персонал на дипломатските претставништва, конзуларни службеници и вработени, воен персонал, вклучително и оние кои се враќаат од меѓународните мисии и на полициските сили, на персоналот на Информацискиот систем за безбедност на Републиката и на Противпожарната бригада во вршењето на нивните функции;

6) за влез преку „Ковид-тестирани - Covid-tested “ летови, согласно наредбата на Министерот за здравство од 23 ноември 2020 година и последователните измени;

7) за влез за спортски натпревари од национален интерес согласно одредбите од член 49, став 5.

ИСКЛУЧОЦИ ОД ОБВРСКИТЕ ЗА САМОИЗОЛАЦИЈА И МОЛЕКУЛАРЕН ИЛИ АНТИГЕНСКИ ТЕСТ

Под услов да не се појават симптоми на КОВИД-19, но секако да се приложи Passenger Locator Form (PLF), молекуларен или антигенски тест не е задолжителен:

1) за превозниците;

2) за екипажот на превозниците;

3) за патувања до и од државите и териториите наведени во листата А;

4) за прекугранични работници кои влегуваат и излегуваат од Италија поради докажани работни причини и заради последователно повторно патување во своето живеалиште или дом;

5) за ученици и студенти кои учат/студираат во држава различна од онаа на живеење, дом или престој, во која се враќаат секој ден или најмалку еднаш неделно во своето живеалиште или дом;

6) за секој кој транзитира, со приватно возило, на италијанската територија во период не подолг од триесет и шест часа, со обврска, по истекот на тој рок, веднаш да ја напушти националната територија или, доколку тоа не го стори, да започне период на изолација од пет дена на адресата наведена во формуларот PLF, и на крајот на тој период, да се подложи на молекуларен или антигенски тест, извршен со брис;

7) за секој кој влегува во Италија за период не подолг од сто и дваесет (120) часа за докажана работа, здравствени причини или апсолутна итност, со обврска, по истекот на наведениот рок, веднаш да ја напушти националната територија или, доколку тоа не го стори, да започне период на изолација од пет дена на адресата наведена во формуларот PLF, и на крајот на тој период, да се подложи на молекуларен или антигенски тест, извршен со брис;

8) за секој кој се враќа во Италија, по престој од не подолг од четириесет и осум часа, од странство, од места на оддалеченост не повеќе од 60 км од местото на живеење или домашната адреса, доколку патувањето е извршено со приватно возило;

9) во случај на престој не подолг од четириесет и осум часа во локалитет кој се наоѓа на италијанска територија, што се наоѓа на оддалеченост не повеќе од 60 км од местото на живеење или домот на лицето кое живее на таа локација во странска држава, под услов патувањето да се одвива со приватно возило.

 

За прашања поврзани со Конзуларното одделение и Одделот за визи, ве молиме јавете се во следните термини:

Во понеделник од 10:00 до 13:00 часот и од 14:30 до 16:00 часот. Од вторник до четврток од 14.30 до 16.00 часот и петок од 13.30 до 15.00 часот.

+389 2 3236517
+389 2 3236518
+389 2 3236519
+389 2 3236520


548