Questo sito utilizza cookie tecnici, analytics e di terze parti.
Proseguendo nella navigazione accetti l'utilizzo dei cookie.

Preferenze cookies

НОВИ МЕРКИ ЗА ВЛЕЗ / ВРАЌАЊЕ ВО ИТАЛИЈА ОД СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

 

Од 31 август до 25 октомври 2021 година, врз основа на Уредбите на министерот за здравство од 29 јули 2021 година и 28 август 2021 година, за оние кои влегуваат / се враќаат во Италија и кои престојувале / транзитирале во претходните четиринаесет (14) дена во Република Северна Македонија, важат следните задолжителни услови:

  1.  При качување (на брод/авион) да покажат, на барање на претставниците на авио компанијата или на други превозници, како и при копнен влез во Италија или на сите овластени лица кои тоа ќе го побараат, „зелен Ковид-19 сертификат„ или еквивалентен сертификат добиен по завршување на циклусот на вакцинација издаден од надлежните здравствени органи по вакцинацијата со вакцини одобрени од Европската агенција за лекови (со вакцините Pfizer-BioNtec, Moderna, AstraZeneca или Johnson & Johnson);
  2.  Исто така, да поседуваат негативен ПЦР или брз антигенски тест, не постар од 72 часа, направен со брис, кој ќе го покажат на барање на сите овластени лица кои тоа ќе го побараат;
  3.  да го пополнат онлајн дигиталниот формулар за локализација на патниците (digital Passenger Locator Form, dPLF) на веб страницата https://app.euplf.eu/#/ и истиот да го прикажат на претставниците на авио компанијата при качување во авионот или на другите превозници или на сите овластени лица кои тоа ќе го побараат, во дигитална форма на смартфон или отпечатен на хартија.

Во случај на недостиг на сертификатот за вакцинација наведен во точка 1, се уште е можен влез во Италија, но во секој случај е задолжително:

  • Поседување негативен ПЦР или брз антигенски тест, не постар од 72 часа, направен со брис, кој ќе го покажат на претставниците на авио компанијата при качување во авионот или на барање на сите овластени лица кои тоа ќе го побараат;
  • да се пополни онлајн дигиталниот формулар за локализација на патниците (digital Passenger Locator Form, dPLF) на веб страницата https://app.euplf.eu/#/ и истиот да се прикаже на претставниците на авио компанијата при качување во авионот или на други превозници или на сите овластени лица кои тоа ќе го побараат, во дигитална форма на смартфон или отпечатен на хартија.
  • да поминат 5 дена во самоизолација и под здравствен надзор, на адресата која ја пријавиле како место на престој (известувајќи го надлежниот здравствен дом)
  • да се направи дополнителен тест, ПЦР или брз антигенски, преку брис, по истекот на петте дена поминати во изолација.

 

ВЛЕЗ НА МАЛОЛЕТНИ ЛИЦА

За влез во Италија, децата под 6 годишна возраст се ослободени од вршење на молекуларен или антиген тест за Ковид19.

ВЛЕЗ ЗА ДОКАЖАНИ РАБОТНИ ПРИЧИНИ

Под услов да не се појават симптоми на Ковид 19 а под услов задолжително поседување на молекуларен или антиген тест не постар од 72 часа како и дигитален формулар на патникот пополнет онлајн на https://app.euplf.eu/#/ , обврските во врска со здравствен надзор и самоизолација не се применуваат на граѓаните и лицата резиденти во Северна Македонија кои патуваат во Италија поради документирани работни причини.

ДРУГИ ИСКЛУЧОЦИ КОН ОБВРСКАТА ЗА ИЗОЛАЦИЈА

Под услов да не се појават симптоми на Ковид 19 а под услов задолжително поседување на дигитален формулар на патникот и, во случаите каде е предвидено, поседување и молекуларен или антиген тест, обврските во врска со здравствен надзор и самоизолација не се применуваат на:

a) за работни потреби регулирани од посебни безбедносни протоколи одобрени од надлежниот здравствен орган;

b) на лицата кои влегуваат од неодложни причини, со претходно овластување од Министерството за здравство;

c) на здравствениот персонал што влегува во Италија за вршење на професионални здравствени обврски;

d) на персоналот на фирми и институции со прво или секундарно седиште во Италија за патување во странство поради докажани работни причини не подолго од 120 часа;

e) службеници и агенти на Европската Унија, на меѓународни организации, персонал на дипломатски мисии и конзулати, воен и полициски персонал во извршувањето на своите должности, на персоналот на Системот за безбедносни информации на Републиката и на персоналот на пожарникарската служба во извршувањето на своите должности;

f) на ученици и студенти за посетување курс на студии во држава различна од онаа на живеење, дом или престој, во која тие се враќаат секој ден или барем еднаш неделно;

g) на лицата кои влегуваат во Италија преку летови „Covid-tested“, во согласност со наредбата на Министерот за здравство од 23 ноември 2020 година и последователните измени и дополнувања.

h) на влезовите за спортски натпревари од национален интерес според чл. 49 став 5 од Уредбата на Владата 2 март 2021;

 

ИСКЛУЧОЦИ КОН ОБВРСКАТА ЗА ТЕСТ И ИЗОЛАЦИЈА

Под услов да не се појават симптоми на Ковид 19 а под услов задолжително поседување на дигитален формулар на патникот, обврските во врска со поседување молекуларен или антиген тест при влез во Италија и здравствен надзор и самоизолација не се применуваат на:

a) на екипажот на транспортните возила;

b) на персоналот кој патува;

c) на патувања од и до Државите и територии од Листата А;

d) на прекугранични работници кои влегуваат и ја напуштаат националната територија од докажани работни причини и последователно на тоа се враќаат во нивниот престој, дом или живеалиште;

e) на ученици и студенти за посетување курс на студии во држава различна од онаа на живеење, дом или престој, во која тие се враќаат секој ден или барем еднаш неделно;

f) на секој што транзитира, со приватно возило, на италијанска територија во период не подолг од 36 часа, со обврска, при истекот на наведеното време, веднаш да ја напушти националната територија или, ако не успее во тоа, да го започне периодот на здравствен надзор и самоизолација на адресата наведена во дигиталниот формулар од период за 5 дена и да направи молекуларен или антиген тест на крајот на 5-те дена;

g) на секој што влегува во Италија за период не подолг од 120 часа за докажана и документирана работа, здравје или апсолутно итни потреби, со обврска, при истекот на наведеното време, веднаш да ја напушти националната територија или, ако не успее во тоа, да го започне периодот на здравствен надзор и самоизолација на адресата наведена во дигиталниот формулар од период за 5 дена и да направи молекуларен или антиген тест на крајот на 5-те дена;

h) на секој што се враќа во Италија по престој не подолг од четириесет и осум часа во странство во места лоцирани на растојание не повеќе од 60 километри од местото на живеење, или дом, под услов патувањето да се одвива со приватно возило. Не е потребно да се пополни дигиталниот формулар на патникот;

i) во случај на престој не подолг од четириесет и осум часа во Италија во места на растојание не повеќе од 60 километри од местото на живеење или дом, под услов патувањето да се одвива со приватно возило. Не е потребно да се пополни дигиталниот формулар на патникот.

 

За прашања за конзуларниот и визен оддел, ве молиме да се јавите во следните временски периоди:

Во понеделник од 10:00 до 13:00 часот и од 14:30 до 16:00 часот. Од вторник до четврток од 14.30 до 16.00 часот и петок од 13.30 до 15.00 часот.

+389 2 3236517
+389 2 3236518
+389 2 3236519
+389 2 3236520