Questo sito usa cookie per fornirti un'esperienza migliore. Proseguendo la navigazione accetti l'utilizzo dei cookie da parte nostra OK

НОВИ ПРАВИЛА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА GREEN PASS ВО ИТАЛИЈА КОИ ВАЖАТ ДО 15 ЈАНУАРИ 2022 ГОДИНА

Датум:

07/12/2021


НОВИ ПРАВИЛА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА GREEN PASS ВО ИТАЛИЈА КОИ ВАЖАТ ДО 15 ЈАНУАРИ 2022 ГОДИНА

Ве известуваме дека во Италија, од понеделник 6-ти декември, при користење локален јавен превоз, регионален и меѓурегионален железнички превоз, како и за престој во хотели и други сместувачки капацитети, задолжително е да се поседува барем основниот Green Pass.

Се работи за Green Pass кој се добива по вакцинацијата со вакцини одобрени од EMA (Pfizer, Moderna, Astra Zeneca, J&J), по оздравување од Ковид-19 или по спроведување на PCR или антигенски брис во последните 48 часа. Антигенскиот тест може да се направи и во аптека, која ќе издаде Green pass во хартиена форма или ќе го испрати по е-пошта до засегнатото лице. Проверките во транспортните средства ќе се вршат „по случаен избор“, а лицата кои немаат потврда ќе бидат казнети.


554