Questo sito usa cookie per fornirti un'esperienza migliore. Proseguendo la navigazione accetti l'utilizzo dei cookie da parte nostra OK

ПРИЗНАВАЊЕ НА ЕКВИВАЛЕНТНОСТА НА ВАКЦИНИТЕ ПРОТИВ САРС-КОВ-2 ПРИМЕНИ ВО СТРАНСТВО.

Датум:

01/10/2021


ПРИЗНАВАЊЕ НА ЕКВИВАЛЕНТНОСТА НА ВАКЦИНИТЕ ПРОТИВ САРС-КОВ-2 ПРИМЕНИ ВО СТРАНСТВО.

Cо акт на Министерството за Здравство на Р. Италија бр. 0042957 од 23.09.2021, како еквивалентни вакцини на оние кои се асплицирани во Италија, во рамките на Националниот стратешки план за вакцинанција за спречување на инфекции со САРС-КоВ-2, како и во врска со користењето на зелените сертификати за КОВИД-19, како што е предвидено со закон, покрај вакцините одобрени од Европската Агенција за лекови (ЕМА) се признаваат и следните вакцини аплицирани од страна на надлежните странски национални здравствени органи:

- Covishield (Serum Institute of India), произведена по лиценца на AstraZeneca;

- CoVI (R-Pharm), произведена по лиценца на AstraZeneca;

- Covid-19 vaccine-recombinant (Fiocruz), произведена по лиценца на AstraZeneca.

- Сите други вакцини наведени во Анексот 1 на цитираниот документ бр. 0042957 (во прилог)

Амбасадата информира исто така дека, покрај она што е предвидено со важечките норми за прекугранични патувања, вакциналните сертификати издадени од надлежните здравствени институции во странство, по завршената вакцинација со вакцините признаени од ЕМА или со еквивалентните вакцини споменати погоре, се сметаат за еквивалентни на италијанскиот зелен сертификат Ковид-19 за целите предвидени со закон.

За да бидат сметани за еквивалентни, таквите вакцинални сертификати ќе треба да ги содржат следните податоци:

- податоци за идентитетот на носителот (име, презиме, датум на раѓање);

- податоци за вакцината (назив и серија);

- датум на вакцинацијата;

- податоци за издавателот на сертификатот (Држава, здравствена установа)

Опишаните вакцинални сертификати (притоа не се мисли на Pass или QR code), во хартиена или дигитална форма, ќе треба да бидат напишани и на еден од следните јазици: италијански, француски, англиски, шпански или германски. Во спротивно, ќе треба да бидат придружени со превод од судски преведувач.

Според цитираниот акт на Министерството за Здравство, покрај италијанските државјани кои живеат во странство, сега и странските државјани кои имаат привремен престој во Италија заради работа или студирање, без оглед дали се регистрирани или не во некој од националните здравствени фондови (SSN или SASN), како и сите други лица кои по било која основа се регистрирани во Националниот здравствен фонд SSN и вакцинирани во странство со гореспоменатите вакцини (признаени од ЕМА или еквивалентни), ќе можат врз основа на вакциналниот сертификат да се стекнат со италијанскиот зелен сертификат Ковид-19, таканаречениот (Green Pass).


543