Questo sito usa cookie per fornirti un'esperienza migliore. Proseguendo la navigazione accetti l'utilizzo dei cookie da parte nostra OK

Доделување на награди од уметничкиот конкурс за Плакат "Dante 700".

Data:

22/10/2021


Доделување на награди од уметничкиот конкурс за Плакат

За време на свеченоста во резиденцијата на амбасадорот на Италија (директно пренесувана на Фејсбук), беа доделени наградите на уметничкиот конкурс „Данте 700“, организиран од Институтот „Данте Алигиери“ од Скопје, за изработка на плакат за XXI издание на Неделата на италијанскиот јазик во светот, оваа година посветена на Данте Алигиери. - Конкурсот имаше огромен успех - додаде амб. Андреа Силвестри - „Добивме 281 плакат, од 170 учесници, главно студенти од факултетите и академиите за визуелна уметност во земјава, но и од средните училишта“. По првото прикажување, стручната комисија составена од македонските дизајнери Небојша Гелевски и Нгаднјим Мехмети и Италијанците Серџо Оливиоти и Марко Натоли ги избраа 15 -те финалисти. Во соработка со Амбасадата, беа избрани трите победници, и тоа по овој редослед: Евангелија Иваноска (од Американскиот универзитет за Европа - ФОН); Јована Ристовска (на Универзитетот Американ Колеџ од Скопје - УАКС) и Иван Коминовски (на Факултетот за ликовни уметности во Скопје). Од самиот конкурс, прво наградениот беше искористен за креирање на плакат за Неделата на италијанскиот јазик. „Прекрасен и многу емотивен постер, кој ја прикажува сликата на големиот поет во многу модерен сјај“, додаде Силвестри. Копии од Божествената комедија во историскиот македонски превод на Георги Сталев и аудио-книги со негов превод на 33 јазици добија првите тројца, додека на другите 12 им беа доделени специјални гаџети посветени на Данте. На крај, сите постери изработени од 15-те најдобри победници беа објавени на Фејсбук фан страницата на Амбасадата на Италија. „Данте се потврдува како човек кој е способен да мине низ сите епохи и да зборува со сите народи и генерации, што се гледа и од самиот успех на оваа иницијатива“, додаде амбасадорот, една од бројните што ги организиравме за оваа недела што всушност ќе заврши на 19 ноември, кога во МОБ ќе ја претставиме новата опера посветена на Данте. По повод свеченоста, Орден за заслуги, " Звезда на Италија", му беше доделена и на Ладислав Цветковски, професор по графички дизајн на Факултетот за ликовни уметности на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје и претседател на Институтот „Данте Алигиери“ во Скопје, за неговите истакнати заслуги во промовирањето на културата и другата италијанска извонредност. Конечно, беа споменати стипендиите што италијанската влада ги доделува на македонски студенти, вклучително и во делот на уметноста (особено кој беше и присутен, Александар Величковски, студент на Академијата за ликовни уметности во Равена).

 


546