Questo sito usa cookie per fornirti un'esperienza migliore. Proseguendo la navigazione accetti l'utilizzo dei cookie da parte nostra OK

СТИПЕНДИИ ОД ИТАЛИЈАНСКОТО МИНИСТЕРСТВО ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ И МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА ЗА СТУДЕНТИ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН

Data:

24/10/2021


СТИПЕНДИИ ОД ИТАЛИЈАНСКОТО МИНИСТЕРСТВО ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ И МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА ЗА СТУДЕНТИ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН

10 стипендии, во траење од две години, понудени од италијанското
Министерство за надворешни работи и меѓународна соработка, за студенти
од Западен Балкан за упис на еден од четирите магистерски курсеви на
Политехничкиот универзитет деле Марке – Анкона (Universita Politecnica
delle Marche - Анкона):

  1. Меѓународна економија и трговија;
  2. Биомедицинско инжењерство;
  3. Инжењерство на животна средина и
  4. Иновации и управување со прехрамбени производи и пијалаци;
  5. Курс за европска интеграција и политичко-економски развој на земјите од Јадранско-јонската иницијатива и Стратегијата EUSAIR.


Сите погореопишани магистерски студии се одвиваат на англиски јазик.
Десетте стипендии и универзитетската катедра поврзана со европската
интеграција и политичкиот/економскиот развој на земјите опфатени со
стратегијата EUSAIR се дел од досието за млади што Секретаријатот на ИАИ
(Јонско-Јадранска инцијатива) силно го спроведуваше во последните години
и продолжува под тековното албанско Претседателство со иницијативата.

Крајниот рок за аплицирање е 8 ноември 2021 година.
Подетални информации за аплицирање може да најдете на следниот линк: Call for AII (Adriatic-Ionian_Initiative)


547