Questo sito usa cookie per fornirti un'esperienza migliore. Proseguendo la navigazione accetti l'utilizzo dei cookie da parte nostra OK

Започна со работа новата италијанска паралелка во гимназијата Никола Карев во Скопје

Датум:

01/09/2021


Започна со работа новата италијанска паралелка во гимназијата Никола Карев во Скопје

Амбасадорот на Р. Италија Андреа Силвестри присуствуваше, заедно со министерката Мила Царовска и градоначалникот Петре Шилегов, на првиот училишен ден на новоформираната паралелка во скопската гимназија Никола Карев, во која со шест часа неделно ќе се изучуваат италијански јазик и култура, како дел од редовната наставна програма.

Паралелката брои 23 ученици во прва година гимназиско образование, кои го положија приемниот тест за основни познавања на италијанскиот јазик. Програмата предвидува до крајот на 4-годишниот циклус учениците да достигнат ниво Б2, кое би им било од корист и за евентуално продолжување на студиите во Италија.

Како што истакнаа директорот на гимназијата Андреј Манолев и другите учесници на настанот, ова е прва паралелка со ваква наставна програма во Северна Македонија.

23-та ученици од новата паралелка ќе им се придружат на речиси двете илјади македонски ученици кои го изучуваат италијанскиот јазик во основните и средните училишта и на бројните студенти кои го изучуваат италијанскиот јазик на универзитетите во земјата и при институтот Данте Алигиери.

Ова достигнување е резултат на Одлуката на Владата од 6 март 2018 година со која италијанскиот јазик беше воведен како втор изборен странски јазик во основните и средните училишта. „Во Северна Македонија“ - истакна Амбасадорот - „расте„ побарувачката за италијански “, што е во склад со историско добрите односи меѓу нашите народи, како и со заложбите за зајакнување на економската и трговската размена. Италијанскиот јазик впрочем, освен што е јазик на културата и уметноста, нуди и значајни професионални можности, особено во една толку блиска земја како што е Северна Македонија.“

Заблагодарувајќи му се на директорот Манолев за инцијативата, Амбасадорот им се заблагодари и на Катедрата по Италијанистика при Филолошкиот Факултет “Блаже Конески“, на националното здружение на професори по италијански јазик и на институтот Данте Алигиери од Скопје за помошта која ја пружија за да се оствари оваа идеја и вети дека Амбасадата ќе продолжи да ги поддржува и оваа паралелка и сите активности кои го промовираат италијанскиот јазик.

Амбасадорот ја искористи приликата да им подари на учениците и на присутните маички и нотес посветени на Данте, како симболичен гест во рамките на овогодинешните активности посветени на одбележување на 700 години од смртта на овој голем поет, основоположник на италијанскиот јазик.

https://www.facebook.com/ItalyinMKD/photos/pcb.4048334455288807/4048333575288895/?__cft__[0]=AZX57f47vDqlQ1qK5pI2KcRljWtvghLeNnkf4VNPYIeEvc-Fg1qz0uFJL02G5UT5GYB4gZRkiqDVfhgjOx7s1gZvkbROaMXEd8wRuzxJPqykIk3wcR94I3rPS0179zGl7npC7ePOGnQEqMGo5ZgYtrEOlffOa-uMjmi67JUU3r3c5fgM_80VeD_lgpU5yHs5mzM&__tn__=*bH-R


Luogo:

539