Questo sito utilizza cookie tecnici, analytics e di terze parti.
Proseguendo nella navigazione accetti l'utilizzo dei cookie.

Preferenze cookies

Покана за Младинскиот самит за климатски промени

Почитувани млади,

Со големо задоволство сакаме да Ве поканиме да земете учество во Младинскиот самит за климатски промени (Youth Climate Summit) на 10 септември во Парк МКЦ во Скопје. Самитот има за цел да ги вклучи младите во климатските политики и да ја зајакне младинската мрежа за климатска акција. Процесот на вклучување на младите ќе биде преку: алатката „U-report“ и присуство на Самитот за климатски промени.

  1. U report https://mk.ureport.in/ – ве покануваме да се регистрирате како „U-reporter“ што би значело дека ќе добивате кратки прашања на Вибер за теми кои ги засегаат младите. Прашањата поврзани со климатските промени ќе започнат од 30 август 2021 (понеделник) и ќе траат до 10 септември. Вашите одговори ќе бидат преточени во текстот на Младинската Декларација за Климатски Промени која ќе биде претставена на Младинскиот самит за климатски промени во Италија (Pre-COP26).
  2. Самитот за климатски промени – е за млади луѓе од 15 до 24 години и за иноватори (НВО-а, фирми, школи итн.). Агендата може да ја погледнете тука. Сите трошоци за учесниците надвор од Скопје ќе бидат покриени (транспорт, храна и сместување ако е потребно). Аплицирате тука ако сте млад човек или Аплицирајте тука ако сакате да претставите иновација.

Младинскиот самит за климатски промени е иницијатива водена од младите луѓе, поддржана од УНИЦЕФ и финансирана од Шведската агенција за меѓународен развој (Сида), и организирана во партнерство со Амбасадата на Италија како еден од домаќините на Младинскиот самит за климатски промени на ОН во Милано, Италија и Амбасадата на Обединетото Кралство, како земја домаќин на Конференцијата за климатски промени на ОН, во Глазгов.

Ви благодариме. За повеќе информации стоиме на располагање.