Questo sito utilizza cookie tecnici, analytics e di terze parti.
Proseguendo nella navigazione accetti l'utilizzo dei cookie.

Preferenze cookies

Посета на Потсекретарот Дела Ведова на Република Северна Македонија, 25-26 јули 2021

Потсекретарот за надворешни работи и меѓународна соработка Бенедето Дела Ведова денес ја посети Република Северна Македонија. Потсекретарот се состана со претседателот на Парламентот Талат Џафери, на кого му ја повтори поддршката на италијанската Република кон европската интеграција и направи осврт кон главните досиеја за билатерална соработка, вклучувајќи ги и тие на меѓупарламентарно ниво.

Процесот на пристапување беше во фокусот и на следните средби: со вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров и со министерот за надворешни работи Зоран Попов. Дела Ведова им порача на своите соговорници дека Италија верува во потребата од брз почеток на преговорите за пристап кон Европската унија, исто така, за да се избегне други актери да ја пополнат празнината во процесот.

Потсекретарот исто така изрази желба за натамошно продлабочување на и онака интензивните економски и трговски односи меѓу двете земји.

Конечно, Дела Ведова имаше главна улога на конференцијата на тема „Иднината на Европа и младите“, на која учествуваа македонски средношколци и европски амбасадори за млади. Во таа прилика Потсекретарот истакна како денешните глобални предизвици, како што се пандемијата, климатските промени, миграцијата, бараат се поголема соработка меѓу соседните земји во рамките на ЕУ, заснована врз заедничките вредности на владеењето на правото и почитувањето на човековите права.

„За европското единство не може да се каже дека е завршено без да се вклучи Западниот Балкан кој се наоѓа во срцето на континентот“, заклучи Дела Ведова.