Questo sito usa cookie per fornirti un'esperienza migliore. Proseguendo la navigazione accetti l'utilizzo dei cookie da parte nostra OK

Мерки за спречување на ширењето на Коронавирусот изгласани од италијанската Влада за влез на националната територија 19/04/2021

Датум:

19/04/2021


Мерки за спречување на ширењето на Коронавирусот изгласани од италијанската Влада за влез на националната територија 19/04/2021

Ажурирање 19.04.2021 - Министерството за надворешни работи и меѓународна соработка на Италијанската Република подготви информативен прашалник за да им помогне на своите корисници да разберат дали и под кои услови е можно во овој момент да влезат / да се вратат во Италија или да заминат во странство од Италија. Прашалникот е достапен на: https://infocovid.viaggiaresicuri.it

Влез на италијанска територија за оние кои доаѓаат од Република Северна Македонија

Остануваат забранети влезот и транзитот на националната територија за лица кои транзитирале или престојувале во државите и териториите наведени во „листата Е„ (која ја вклучува и Северна Македонија) во претходните четиринаесет дена, освен ако не постои една или повеќе од следниве причини, докажани со посебен формулар за самоизјава пополнета според овој модел:

a) докажани потреби за работа;

b) апсолутна итност;

c) од здравствени причини;

d) поради школување;

e) враќање во сопственото место на живеење или престој;

f) влез на националната територија на Италија од страна на државјани на земјите членки на Европската Унија, земји потписници на договорот Шенген, државјани на Велика Британија и Северна Ирска, Андора, Кнежевството Монако, Република Сан Марино и на Државата Ватикан;

g) влез на националната територија на Италија од страна на членови на семејството на физички лица што припаѓаат на категоријата f), како што се дефинирани во членовите 2 и 3 на директивата 2004/38/ЦЕ на Европскиот парламент и Советот, од 29 април 2004, што се однесува на правото на граѓаните на Европската Унија и членовите на нивните семејства слободно да се движат и да престојуваат на територијата на земјите членки, што ја изменува одредбата (ЦЕЕ) бр. 1612/68 и ги поништува директивите 64/221/ЦЕЕ, 68/360/ЦЕЕ, 72/194/ЦЕЕ, 73/148/ЦЕЕ, 75/34/ЦЕЕ. 75/35/ЦЕЕ. 90/364/ЦЕЕ, 90/365/ЦЕЕ и 93/96/ЦЕЕ;

h) влез на националната територија на Италија од страна на државјани на трети земји со регулиран долг престој во согласност со директивата 2003/109/ЦЕ на Советот, од 25 ноември 2003, што се однесува на статусот на граѓани од трети држави што имаат регулирано долг престој, како и за државјани од трети држави што имаат право на престој во согласност со други европски регулативи или пак италијански национални нормативи;

i) влез на националната територија на Италија од страна на членови на семејство на физичките лици што припаѓаат на категоријата h), како што се дефинира во членовите 2 и 3 од директивата 2004/38/ЦЕ на Европскиот парламент и на Советот, од 29 април 2004, што се однесува на правото на граѓаните на Европската Унија и на членовите на нивните семејства слободно да се движат и да престојуваат на територијата на земјите членки, што ги изменува одредбите (ЦЕЕ) бр. 1612/68 и ги поништува директивите 64/221/CEE, 68/360/CEE, 72/194/CEE, 73/148/CEE, 75/34/CEE, 75/35/CEE, 90/364/CEE, 90/365/CEE и 93/96/CEE;

l) влез на националната територија на Италија со цел пристигнување во местото на живеење или на престој на лицата од категориите f) и h), со кои постои докажана и стабилна емотивна врска, и во случај лицата да не живеат заедно.

* ВНИМАНИЕ: Генералниот директорат за превенција при Министерството за здравство со посебна уредба воведува дигитален формулар за лоцирање на патници (Passenger Locator Form - PLF) кој ќе треба да биде прикажан пред качување во било кое транспортно средство или при евентуални контроли: дигиталниот формулар ќе ја замени горенаведената самоизјава.

Обврски при влез на италијанска територија за лицата кои доаѓаат од Република Северна Македонија

Лицата кои престојувале или транзитирале, во претходните четиринаесет дена пред влезот во Италија, во држави или територии на листата Е, во која е вклучена Северна Македонија, иако без симптоми, должни се да ги почитуваат следните обврски:

а) патот од местото на влегување на националната територија или од местото на пристигнување за влез во Италија до домот или живеалиштето, каде што ќе се изврши периодот на здравствен надзор и самоизолација се одвива исклучиво со приватно возило, освен во случај на транзит на аеродром;

б) обврзани се веднаш да го соопштат влезот во Италија до Одделот за превенција на надлежниот локален здравствен орган, да прикажат потврда за извршен молекуларен или антиген тест за Ковид 19 со негативен резултат направен не подоцна од 48 часа пред влезот на национална територија, да почнат здравствен надзор и самоизолација во период од 10 дена. На крајот на периодот на самоизолација задолжително е правење нов молекуларен или антиген тест.

Во случај на влез на национална територија со воздушен транспорт, дозволено е да се продолжи патувањето до крајната дестинација означена во самоизјавата со друг лет, под услов да не се напуштаат специјално назначените области во рамките на терминалите.

Во случај на појава на симптоми на КОВИД-19, останува обврската да се извести веднаш здравствениот орган преку посебните телефонски броеви и да се подложите на изолација, во очекување на последователните инструкции на здравствениот орган.

Исклучоци од обврската за самоизолација и тест на крајот на периодот на самоизолација (чл. 51, став 7 од Уредбата DCPM 2 март 2021)

Под услов да не се појават симптоми на Ковид 19 обврските во врска со здравствен надзор самоизолација и, освен во строго наведени случаи, за молекуларен или антиген тест, не се применуваат:

· на екипажот на транспортните возила

· на персоналот кој патува;

· на патувања од и до Државите и територии од Листата А од анексот 20 (заклучно со 19 април 2021, Ватикан и Сан Марино);

· на лицата кои влегуваат од работни причини регулирани со посебни безбедносни протоколи, одобрени од надлежниот здравствен орган;

· на секој што влегува во Италија за период не подолг од 120 часа за докажана и документирана работа, здравје или апсолутно итни потреби, со обврска, при истекот на наведеното време, веднаш да ја напушти националната територија или, ако не успее во тоа, да го започне периодот на здравствен надзор и самоизолација;

· на лицата кои влегуваат од неодложни причини со претходно овластување од Министерството за здравство и со обврска да му се презентира на превозникот за време на качувањето и на секој што е назначен да ги изврши проверките потврда за поседување молекуларен тест или антиген, направен во рок од 48 часа пред влегувањето на националната територија, направен со брис и негативен резултат;

· на секој што транзитира, со приватно возило, на италијанска територија во период не подолг од 36 часа, со обврска, при истекот на наведеното време, веднаш да ја напушти националната територија или, ако не успее во тоа, да го започне периодот на здравствен надзор и самоизолација;

· на државјаните и лицата резиденти на некоја Земја членка на Европската Унија и на другите Држави и територии наведени во Листите A, B, C и D од анексот 20 кои влегуваат во Италија за докажани документирани работни причини, освен ако во претходните четиринаесет дена пред влезот во Италија не престојувале или транзитирале во една или повеќе Држави и територии на листата C;

· на здравствениот персонал што влегува во Италија за вршење на професионални здравствени обврски, вклучувајќи ја и привремената работа според член 13 од законскиот декрет од 17 март 2020 година, бр. 18, конвертиран, со измени и дополнувања, со закон 24 април 2020 година, бр. 27;

· на прекугранични работници кои влегуваат и ја напуштаат националната територија од докажани работни причини и последователно на тоа се враќаат во нивниот престој, дом или живеалиште;

· на персоналот на компании и правни субјекти кои имаат главно или секундарно седиште во Италија за патување во странство за докажани работни потреби кои не траат повеќе од 120 часа;

· службеници и агенти на Европската Унија, на меѓународни организации, персонал на дипломатски мисии и конзулати, воен и полициски персонал во извршувањето на своите должности, на персоналот на Системот за безбедносни информации на Републиката и на персоналот на пожарникарската служба во извршувањето на своите должности;

· на ученици и студенти за посетување курс на студии во држава различна од онаа на живеење, дом или престој, во која тие се враќаат секој ден или барем еднаш неделно;

· на лицата кои влегуваат во Италија преку летови „Covid-tested“, во согласност со наредбата на Министерот за здравство од 23 ноември 2020 година и последователните измени и дополнувања.

· на влезовите за спортски натпревари од национален интерес според чл. 49 став 5;

За овие категории на патници останува обврската за молекуларен или антиген тест направен не подоцна од 48 часа пред влезот во Италија.

Исклучоци на обврската за тест направен не подоцна од 48 часа пред влезот во Италија (чл. 1 став 2 од уредбата на Министерството за здравство од 16 април 2021)

Под услов да не се појават симптоми на Ковид 19 и почитувајќи ја обврската за самоизјава, обврската за молекуларен или антиген тест не се применува:

· на екипажот на транспортните возила;

· на персоналот кој патува;

· на патувања од и до Државите и територии од Листата А од анексот 20 (заклучно со 19 април 2021, Ватикан и Сан Марино);

· на секој што влегува во Италија за период не подолг од 120 часа за докажана документирана работа, здравје или апсолутно итни потреби, со обврска, при истекот на наведеното време, веднаш да ја напушти националната територија или, ако не успее во тоа, да го започне периодот на здравствен надзор и самоизолација;

· на секој што транзитира, со приватно возило, на италијанска територија во период не подолг од 36 часа, со обврска, при истекот на наведеното време, веднаш да ја напушти националната територија или, ако не успее во тоа, да го започне периодот на здравствен надзор и самоизолација;

· на прекугранични работници кои влегуваат и ја напуштаат националната територија од докажани работни причини и последователно на тоа се враќаат во нивниот престој, дом или живеалиште;

· на персоналот на компании и правни субјекти кои имаат главно или секундарно седиште во Италија за патување во странство за докажани работни потреби кои не траат повеќе од 120 часа;

· на ученици и студенти за посетување курс на студии во држава различна од онаа на живеење, дом или престој, во која тие се враќаат секој ден или барем еднаш неделно.

За овие категории на патници, исклучокот за обврска за тест пред влезот во Италија се додава на исклучоците предвидени за периодот на самоизолација и тест на крајот на самоизолацијата.

За целосната норматива и за условите за влез во Италија во однос на мерките за борба против Ковид19 посетете ја веб-страницата на Министерството за надворешни работи и меѓународна соработка (LINK)

Краток преглед на мерките на сила достапен на следниот линк link


509