Questo sito usa cookie per fornirti un'esperienza migliore. Proseguendo la navigazione accetti l'utilizzo dei cookie da parte nostra OK

ЗАПОЧНУВАЊЕ НА ПРОЦЕДУРАТА ЗА ПРЕДУПИС И ЗАПИШУВАЊЕ НА ИТАЛИЈАНСКИ УНИВЕРЗИТЕТИ ЗА МАКЕДОНСКИ И СТРАНСКИ СТУДЕНТИ КОИ ЖИВЕАТ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЗА А.Г. 2021/2022

Data:

27/04/2021


ЗАПОЧНУВАЊЕ НА ПРОЦЕДУРАТА ЗА ПРЕДУПИС И ЗАПИШУВАЊЕ НА ИТАЛИЈАНСКИ УНИВЕРЗИТЕТИ ЗА МАКЕДОНСКИ И СТРАНСКИ СТУДЕНТИ КОИ ЖИВЕАТ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЗА А.Г. 2021/2022

Италијанската Амбасада во Скопје соопштува дека:

на веб страната https://www.studiare-in-italia.it/studentistranieri/  е достапена информативната званична брошура на MUR (Министерство за универзитет и истражување), на италијански и на англиски јазик, во кој што се дадени сите информации околу отворањето на постапката предупис, влез и запишување на странски студенти кои сакаат да студираат на Италијански универзитети како и процедурата за признавање на претходните учебни титули, за а.г. 2021/2022.

1. Сите меѓународнии студенти кои имаат потреба од виза, кои сакаат да се запишат на додипломскиилипостдипломскистудии, како и студии од еден циклус (5 или 6 години), можат да испратат барање за предупис при избраниот универзитет на директен онлајн начин и тоа преку порталот: UNIVERSITALY:

https://www.universitaly.it/

2. Сите меѓународнии студенти кои имаат потреба од виза, кои сакаат да се запишат студииприинституцииитезависокотоуметничко, музичкоикореутичкообразование (АФАМ) како и при Виши Школи за Лингвистика (ССМЛ) ќе можат да ја активираат истата процедура како погоре (преку порталот UNIVERSITALY), започнувајќи од 14 мај 2021.

На самата веб страницаUNIVERSITALY (https://www.universitaly.it/ ) присутни се сите информации со цел олеснување на изборот на студиската гранка како и пристапот на кандидатите кон универзитетските насоки, како и роковите за секој факултет (и за студиските програми со контингентален број). Секој Факултет т.е. Универзитет ќе ги оценува самостојно испратените апликации и повторно преку самиот портал ќе му соопштува на студентот околу исходот (примен, одбиен или пак примен со резерва). Исходот од барањето за предупис ќе му се соопштува директно на студентот кој што, во случај на позитивен исход (примен), ќе треба да се обрати до Амбасадата на Италија во Скопје (ул. Осма Ударна Бригада, 22) заради поднесување на барање за студентска виза како и серија на други документи неопходни за неговото влегување и студирање во Италија (Вредносна изјава, фискален код и тд). Заради моментална ситуација на пандемија, студентите ќе бидат примени само после закажан телефонски термин на +3892 32 36 518/519/503 или пак по маил на visti.skopje@esteri.it  и culturale.skopje@esteri.it.

Сепрепорачувадасеконсултираат и внимателно прочитаатинформациите присутни на:

· Официјална брошура на МУР (линк за англиската верзија)

· https://www.universitaly.it/  (веб страна за поднесување на апликацијата)

· https://www.studiare-in-italia.it/studentistranieri/

Треба да се напомене дека овие процедури се предмет на сегашните и идните одредби за емергентни ситуации на Италијанската влада и Европската унија во однос на спречување и локализирање на епидемијата на вирусот КОВИД-19.

Земајќи ги во предвид одредбите на Министерството за образование и наука на Италија до сите високообразовни установи во Италија за а.г. 2021/22, следува дека физичкото присуство на меѓународни студенти во Италија може да се замени, доколку е потребно, во почетниот дел од учебната година, со учење на дистанца (онлајн). Сепак, дури и во ваква околност, студентите од Северна Македонија на кои им е потребна студентска виза за влез во Италија, мора да ја започнат процедурата за предупис на универзитетот и, компатибилно со работењето на канцелариите, барањето за соодветна виза за влез.

Процедурите за издавање на студентска виза ќе треба да бидат комплетирани заклучно со 30 ноември 2021 за да им се овозможи целосен упис на кандидатите како и плаќање на соодветните школарини, освен доколку истото не претрпи промени земајќи ги во обзир условите на пандемијата.


514