Министерството за културни добра, активности и туризам (МИБАКТ) распишува конкурс за осум награди, поделени во две категории, Виши награди и Специјални награди, кои би се доделиле како признание за понапреден културолошки придонес од областа на преводот и издаваштвото, како на италијански така и на странски јазик.
Информациите околу начинот, потребните услови како и временските рамки за ваквите кандидатури за Национална Награда за Превод 2021, може да се прочитаат во приложениот Циркулар бр.1 од 27 јануари 2021.
Барањата за Национална Награда за Превод 2021 треба да се достават во периодот од 1ви до 31ви март ог. и тоа исклучиво на начинот опишан со член 5 и 6 од Циркуларот бр.1.
За евентуални појаснувања, подносителите на барањето можат да се обратат до Секретаријатот за Национални Награди - Министерството за културни добра, активности и туризам – Генерална Дирекција за Библиотеки и Културни Институти – Оддел 2 – ул . Микеле Меркати, 4 – 00197 Рим, тел. +39 06 67235084, e-mail: andrea.sabatini@beniculturali.it