Questo sito usa cookie per fornirti un'esperienza migliore. Proseguendo la navigazione accetti l'utilizzo dei cookie da parte nostra OK

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА СТОГОДИШНИНАТА ОД РАЃАЊЕТО НА ЛЕОНАРДО ШАША -ИНАУГУРАЦИЈА

Датум:

25/01/2021


ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА СТОГОДИШНИНАТА ОД РАЃАЊЕТО НА ЛЕОНАРДО ШАША -ИНАУГУРАЦИЈА

 

Националниот комитет за одбележување на стогодишнината од раѓањето на Леонардо Шаша (1921-2021), под претседателство на сенаторката Ема Бонино, го промовира инаугуративниот настан во чест на писателот, на 28 јануари, во 15:00 часот.

Организиран во соработка со Институтот на енциклопедија Трекани и здружението “Amici di Leonardo Sciascia”, програмата на настанот, кој ќе се одржи на далечина, по институционалните поздрави на министерот Дарио Франческини, заменик министерот Марина Серени, сенаторката Ема Бонино, на сенаторот Рикардо Ненчини, на претседателот на комисијата за култура на Сенатот и на директорот на Трекани, Масимо Бреј, вклучува говори на писатели и критичари, италијански и странски, кои ќе потсетат на многуте аспекти на личноста и делата на интелектуалецот, на нараторот и на политичарот. Ќе оддржат свој говор писателката Џумпа Лахири, режисерот Џузепе Торнаторе, научниците Џозеф Фарел, Ричарда Рикорда и Паоло Скуилачоти (последниот е куратор на целосните дела на Шаша при издавачот Аделфи).

Настанот ќе се пренесува во живо на Фејсбук страницата на Трекани (www.facebook.com/treccani)

Директен линк до видео преносот следниот четврток: https://www.facebook.com/events/164376285155302/

 


493