Questo sito usa cookie per fornirti un'esperienza migliore. Proseguendo la navigazione accetti l'utilizzo dei cookie da parte nostra OK

V-та НЕДЕЛА НА ИТАЛИЈАНСКАТА КУЈНА ВО СВЕТОТ (23-29 НОЕМВРИ 2020)

Датум:

21/11/2020


V-та НЕДЕЛА НА ИТАЛИЈАНСКАТА КУЈНА ВО СВЕТОТ (23-29 НОЕМВРИ 2020)

Во понеделник, 23 ноември, започнува V-та Недела на италијанската кујна организирана во Северна Македонија, чија тема оваа година е: „ Искуства и вкусови од италијанските територии, 200 години од раѓањето на Пелегрино Артузи “.

Амбасадата на Италија во соработка со ICE, Катедрата за италијански јазик и книжевност при УКИМ, Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и Институтот Данте Алигиери за македонската јавност подготвија календар полн со настани кои го отсликуваат духот на италијанската кујна, извонредниот квалитет на производите и и богаството на традициите на италијанските региони. Благодарение на соработката со АЛМА - Школа за готвење, учениците од македонското средно угостителско училиште „Лазар Танев“ ќе следат 6 мастерклас предавања за италијанската кујна, додека вработените во супермаркетите ТИНЕКС ќе научат повеќе за италијанските сирења и сувомеснати производи и нивното сервирање во сад.

За време на викендот, на 28 и 29 ноември, македонските потрошувачи ќе имаат можност да дегустираат неаполска пица на отворено во паркот во Скопје.

Програмата предвидува меѓу другото и вебинар посветени на значењето на италијанската кујна во книжевноста, организирани од македонски и италијански професори, наменети за студентите и вљубениците во италијанската кујна и италијанскиот јазик. Предвиден е и онлајн стриминг на две документарни филма: “Barolo Boys“ (2014), посветен на создавањето на едно италијанско вино, како и на документарниот филм за животот на Пелегрино Артузи, 130 години од издавањето на неговиот прирачник “ Науката во кујна и уметноста на убавото јадење“.


487