12 ноември, Скопје. Денеска во Скопје беше отворено oсмото по ред издание на Меѓународниот научен симпозиум “Денови на Јустинијан Први”, организиран од Институтот за национална Историја – Универзитет ” Св. Кирил и Методиј” , Теолошкиот Факултет “Св.Климент Охридски”од Скопје и од Универзитетот во Болоња, со покровителство на Амбасадата на Италија во Северна Македонија.
Овој важен Симпозиум , инаугуриран од Министерката за култура, Ирена Стефоска, со специјална овогодишна тема “Религија” и нејзиниот сооднос со институционалните, полтичко-правните, идеолошките и едукативните димензии во Византијскиот свет за време на Јустинијан Први, беше поздравен и од Амбасадорот Силвестри кој особено ги потенцираше тесните културни и пријателски врски помеѓу Италија и Северна Македонија.
“Врски кои, како што сведочи денешниот Симпозиум, ги пронаоѓаат своите корени во една плуримилениумска историја”, додаде Амбасадорот.