Questo sito utilizza cookie tecnici, analytics e di terze parti.
Proseguendo nella navigazione accetti l'utilizzo dei cookie.

Preferenze cookies

Средба на Амбасадорот Силвестри со претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери

Плодна средба помеѓу Амб. Силвестри и Претседателот на Собранието Џафери

Амбасадорот Силвестри утрово се сретна со Талат Џафери, Претседател на Собранието на Република Северна Македонија. Средбата беше повод за плодна размена на ставови за патот кон евроатлантската интеграција на Скопје. Беше потврдена и желбата за започнување и интензивирање на меѓупарламентарната соработка помеѓу Италија и Северна Македонија, и покрај сегашниот контекст со КОВИД. Претседателот Џафери ги истакна одличните односи меѓу двете земји и надежта за нивен понатамошен раст. Потврдувајќи ја подготвеноста на Италија за поддршка на Северна Македонија во реформскиот процес, Амб. Силвестри ја истакна важноста на Парламентот како место за демократско соочување.