Questo sito utilizza cookie tecnici, analytics e di terze parti.
Proseguendo nella navigazione accetti l'utilizzo dei cookie.

Preferenze cookies

Средба со Премиерот Заев

12 ноември Скопје. Амбасадорот Силвестри денес се сретна со Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, кој го прими во владината палата. При средбата, која се одржа во многу срдечна атмосфера, беа потврдени односите на големо пријателство и блискост меѓу двете земји. Во центарот на разговорот, исто така, беа напорите на македонската влада за нејзиниот пат кон пристапувањето кон Европската унија, напори кои Италија целосно ги поддржува. Темата на развојот на билатералните односи во различни сектори беше исто така од централно значење. „Ние сме „природни“ партнери, од географски, историски и културни причини и имаме намера да ги развиваме нашите односи во сите области“ – рече амбасадорот Силвестри.