Questo sito usa cookie per fornirti un'esperienza migliore. Proseguendo la navigazione accetti l'utilizzo dei cookie da parte nostra OK

Нова Уредба на италијанската Влада (DPCM) од 13 октомври 2020

Data:

15/10/2020


Нова Уредба на италијанската Влада (DPCM) од 13 октомври 2020

ПАТУВАЊЕ ОД И КОН ИТАЛИЈА: МЕРКИ НА СИЛА ОД 14 ОКТОМВРИ ДО 13 НОЕМВРИ

Останува на сила забраната за влез во Италија за сите кои престојувале или транзитирале во Северна Македонија (земја во листата Ф) во последните 14 дена пред патувањето, освен за следните исклучоци:

- државјани на ЕУ (вклучително и италијански државјани), на Шенген, Обединето Кралство, Андора, Сан Марино, Монако, Ватикан и членови на нивните семејства кои имаат регистриран престој во Италија пред 9 јули 2020 година, со задолжителна обврска да поднесат на превозникот, при качување, и на кој било назначен за вршење на контролите, потврда дека извршиле молекуларен или антиген тест (извршен со брис), во 72 часа пред влегувањето во Италија, со негативен резултат.

- државјани на трети земји со валидна дозвола за престој и членови на нивните најблиски семејства кои имаат регистриран престој во Италија пред 9 јули 2020 година, со задолжителна обврска да поднесат на превозникот, при качување, и на кој било назначен за вршење на контролите, потврда дека извршиле молекуларен или антиген тест (извршен со брис), во 72 часа пред влегувањето во Италија, со негативен резултат.

- екипаж и патнички персонал на транспортни возила;

- функционери и агенти од Европската унија или од меѓународните организации, дипломатски агенти, административен и технички персонал на дипломатски мисии, конзуларни функционери и службени лица и воен персонал и полициски сили, италијански и странски, во извршувањето на своите функции.

По враќањето во Италија, задолжителни се самоизолација и здравствен надзор од 14 дена како и пополнување на само-изјава (link : https://www.esteri.it/mae/it/ministero/normativaonline/decreto-iorestoacasa-domande-frequenti/focus-cittadini-italiani-in-rientro-dall-estero-e-cittadini-stranieri-in-italia.html) во која мора да се наведе причината поради која се дозволува враќањето; може да стигнете до крајната дестинација во Италија само со приватно возило (дозволен е и транзит на аеродром, без напуштање на соодветниот простор на аеродромската зграда).

Патувањето од Италија кон Северна Македонија е дозволено само поради одредени причини: работа, здравствени причини или студии, апсолутна итност, враќање при сопствениот дом или живеалиште. Притоа, патувањето за туризам не е дозволено.

За повеќе информации: https://www.esteri.it/mae/it/ministero/normativaonline/decreto-iorestoacasa-domande-frequenti/focus-cittadini-italiani-in-rientro-dall-estero-e-cittadini-stranieri-in-italia.html


474