Questo sito usa cookie per fornirti un'esperienza migliore. Proseguendo la navigazione accetti l'utilizzo dei cookie da parte nostra OK

Уредба на италијанската Влада 7 септември 2020: продолжување на превентивните мерки од КОВИД-19 до 7 октомври

Data:

08/09/2020


Уредба на италијанската Влада 7 септември 2020: продолжување на превентивните мерки од КОВИД-19 до 7 октомври

Во врска со мерките за борба против пандемијата КОВИД-19, Уредбата од 7 септември 2020 година ги продолжи, со некои мали измени и дополнувања, прописите за патување од / во странство веќе содржани во Уредбата од 7 август 2020 година.

Новата Уредба важи од 8 септември до 7 октомври 2020 година.

ПАТУВАЊЕ ОД И КОН СТРАНСТВО

Новата Уредба на Владата ги презеде претходните листи на поделба на земји содржани во Анексот 20 од Уредбата од 7 август и детално ги наведе во Анекс Ц, со кој се продолжува да се идентификуваат 6 групи земји, за кои се предвидени различни ограничувања.

Новата Уредба од 7 септември НЕ предвидува промени за земјите од групата Ф (Ерменија, Бахреин, Бангладеш, Босна и Херцеговина, Бразил, Чиле, Кувајт, Северна Македонија, Молдавија, Оман, Панама, Перу, Доминиканска Република + Косово, Црна Гора, Србија, Колумбија).

РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

За оние кои доаѓаат во Италија од Република Северна Македонија или кои престојувале/транзитирале таму во последните 14 дена пред обидот за влез на италијанска територија, забраната за влез е сè уште на сила, само со следниве исклучоци:

- државјани на ЕУ (вклучително и италијански државјани) и членови на нивните семејства кои имаат регистриран престој во Италија пред 9 јули 2020 година;

- екипаж и патнички персонал на транспортни возила;

- дипломатски службени лица и агенти и воен персонал во извршувањето на своите функции.

Патувањето од Италија кон Северна Македонија (и кон другите земји од групата Ф) е дозволено само поради одредени причини: работа, здравствени причини или студии, апсолутна итност, враќање при сопствениот дом или живеалиште. Притоа, патувањето за туризам не е дозволено.

По враќањето во Италија, задолжителни се самоизолација и здравствен надзор како и пополнување на само-изјава во која мора да се наведе причината за враќањето (поседување државјанство на ЕУ / Шенген или статус на член на семејство на граѓанин на ЕУ и регистриран престој во Италија); може да стигнете до крајната дестинација во Италија само со приватно возило (дозволен е и транзит на аеродром, без напуштање на соодветниот простор на аеродромската зграда).

За повеќе информации: https://www.esteri.it/mae/it/ministero/normativaonline/decreto-iorestoacasa-domande-frequenti/focus-cittadini-italiani-in-rientro-dall-estero-e-cittadini-stranieri-in-italia.html


457