Questo sito usa cookie per fornirti un'esperienza migliore. Proseguendo la navigazione accetti l'utilizzo dei cookie da parte nostra OK

Нови ограничувања за патувања до и од Северна Македонија

Data:

09/07/2020


Нови ограничувања за патувања до и од Северна Македонија

Италијанскиот министер за здравство денес потпиша уредба (која е во процес на објавување) со која се воведуваат од денес а до 14 јули следниве нови ограничувања за патувања ВО и ОД странство:

1. Забрана за влез во Италија за оние кои во последните 14 дена престојувале/транзитирале во една од следниве земји: Ерменија, Бахреин, Бангладеш, Бразил, Босна и Херцеговина, Чиле, Кувајт, Северна Македонија, Молдавија, Оман, Панама, Перу, Доминиканска Република.

2. Исклучок од забраната се само европските граѓани (ЕУ, Шенген, Велика Британија, европски микродржави) и нивните членови на семејството со кои живеат во заедница (родители и деца, сопружници, стабилни партнери, странка од регистрирано цивилно партнерство) со регистриран престој во Италија од претходен датум од денеска, 9 јули. Во секој случај, за овие лица карантинот е задолжителен.

3. Суспендирање на директни и индиректни летови од горенаведените земји.

4. Сите тие кои влегуваат во Италија мора да го пополнат образецот за само-изјава (во фаза на објавување). Изземени се само прекуграничните работници и патувањата кон и од Сан Марино и Ватикан.

На истиот дел ќе најдете и:

- новиот формулар за само-изјава https://www.esteri.it/mae/resource/doc/2020/07/modulo_rientro_da_estero_08_07_2020.pdf

- ажурирани информации: https://www.esteri.it/mae/it/ministero/normativaonline/decreto-iorestoacasa-domande-frequenti/focus-cittadini-italiani-in-rientro-dall-estero-e-cittadini-stranieri-in-italia.html

Се ажурираат веб профилите на „Viaggiare Sicuri“ на засегнатите земји.


447