Questo sito usa cookie per fornirti un'esperienza migliore. Proseguendo la navigazione accetti l'utilizzo dei cookie da parte nostra OK

Нова Уредба на Министерот за здравство за периодот 15-31 јули

Датум:

16/07/2020


Нова Уредба на Министерот за здравство за периодот 15-31 јули

Италијанскиот министер за здравство денес потпиша нова уредба со која се воведуваат, до 31 јули, некои новости:

1. вклучување на Косово, Црна Гора и Србија во списокот на трети земји од кои е забранет влез во Италија (забраната се однесува на секој што транзитирал или престојувал во претходните 14 дена во овие земји). Целосната листа на земји е следната: Ерменија, Бахреин, Бангладеш, Босна и Херцеговина, Бразил, Чиле, Косово, Кувајт, Северна Македонија, Молдавија, Црна Гора, Оман, Панама, Перу, Доминиканска Република, Србија.

Потсетуваме дека исклучок кон забраната се само италијански и европски државјани (ЕУ, Шенген, Велика Британија, европски микродржави) и нивните членови на семејството со кои живеат во заедница (родители и деца, сопружници, стабилни партнери, странка од регистрирано цивилно партнерство) со регистриран престој во Италија од претходен датум од 9 јули. Во секој случај, за овие лица карантинот е задолжителен.

2. Додадени се два други исклучоци од забраната за влез од точка 1:

- службеници и агенти на Европската Унија, на меѓународни организации, персонал на дипломатски мисии и конзулати, воен персонал во извршувањето на своите должности;

- само за Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Црна Гора, Србија: екипаж и патнички персонал на копнени транспортни возила, исклучиво од причини за работа, само за транзит (максимум 36 часа) или краток престој во Италија (максимум 120 часа).

Сите други правила остануваат непроменети до 31 јули.

3. Новата целосна листа на трети земји чии жители можат слободно да влезат на националната територија, со обврска за задолжителен карантин, е следната: Алжир, Австралија, Канада, Грузија, Јапонија, Мароко, Нов Зеланд, Руанда, Република Кореја, Тајланд, Тунис, Уругвај.

4. Сите кои влегуваат во Италија мора да го пополнат образецот за само-изјава.

Изземени се само прекуграничните работници и патувањата кон и од Сан Марино и Ватикан.

На истиот дел ќе најдете и:

- нов формулар за само-изјава: https://www.esteri.it/mae/resource/doc/2020/07/modulo_rientro_da_estero_16_07_2020.pdf

- ажурирани информации:https://www.esteri.it/mae/it/ministero/normativaonline/decreto-iorestoacasa-domande-frequenti/focus-cittadini-italiani-in-rientro-dall-estero-e-cittadini-stranieri-in-italia.html 


448