Questo sito utilizza cookie tecnici, analytics e di terze parti.
Proseguendo nella navigazione accetti l'utilizzo dei cookie.

Preferenze cookies

Повторно отворање на македонските граници и аеродроми

Владата на Република Северна Македонија донесе одлука да ги отвори сите свои граници почнувајќи од денес 26 јуни 2020 година. За сите кои ќе влезат на територијата на Република Северна Македонија (како македонските така и странските државјани) повеќе нема да бидат задолжителни минатите услови и рестрикции (како задолжителниот PCR COVID-19 тест и задолжителната самоизолација) мерки кои повеќе нема да бидат на сила.

Границите се отворени без никакви ограничувања и за патниците кои транзитираат низ македонска територија (Протоколот за транзит од 15 јуни 2020 година повеќе не важи).

Вонредната состојба, продолжена од Претседателот на Републиката Пендаровски во изминатите недели, престана да важи на 22-ри јуни.

Владата, исто така, одлучи повторно отворање на комерцијалниот авио сообраќај на меѓународните аеродроми во Скопје и Охрид почнувајќи од 1 јули 2020 година.