Questo sito utilizza cookie tecnici, analytics e di terze parti.
Proseguendo nella navigazione accetti l'utilizzo dei cookie.

Preferenze cookies

Нова Уредба на Претседателот на Советот на министри (DPCM). Нормативни ажурирања

Најновата Уредба на Претседателот на Советот на министри (DPCM) во врска со мерките за контрола на COVID -19 е објавена во Службен весник.

Што се однесува до патувањата од и до странство, особено кон земји надвор од ЕУ, како Република Северна Македонија, сè останува непроменето до 30 јуни, освен минимални промени (меѓу кои ослободувањето од карантин за дипломатите се проширува и кон воените мисии).

Се напоменува дека до 30 јуни 2020 година останува забрането патувањето до и од земји кои не се членки на ЕУ, освен:

докажани потреби за работа;

апсолутна итност;

од здравствени причини.

Кој, дел од некоја од овие категории, ќе оствари влез во Италија, ќе треба да го пополни формуларот за изјава и да го почитува периодот на здравствено набудување и домашна изолација (карантин) во сопствениот дом.

Новата Уредба исто така го продолжува времетраењето на кратките посети во Италија на 120 часа и на кратките мисии во странство, без карантин (претходно беше 72 часа, што може да се продолжи на 120 часа од посебни причини).

Притоа, ажурирани се често поставуваните прашања на веб-страницата на МНРМС и формуларот за само-изјава со кој се оправдува влезот во Италија од странство (исто така може да се користи и претходниот формулар, со оглед на тоа дека промените се минимални) и може да се најдат овде:

https://www.esteri.it/mae/it/ministero/normativaonline/decreto-iorestoacasa-domande-frequenti/focus-cittadini-italiani-in-rientro-dall-estero-e-cittadini-stranieri-in-italia.html