Questo sito usa cookie per fornirti un'esperienza migliore. Proseguendo la navigazione accetti l'utilizzo dei cookie da parte nostra OK

Големо зголемување на бројот на позитивни случаи: македонската Влада воведе нов полициски час (од четврток 4 јуни до понеделник 8 јуни)

Датум:

03/06/2020


Големо зголемување на бројот на позитивни случаи: македонската Влада воведе нов полициски час (од четврток 4 јуни до понеделник 8 јуни)

По значителното зголемување на новите позитивни случаи на КОВИД-19, Владата донесе одлука за нови рестриктивни мерки, вклучително и нов долг полициски час од четврток 4 јуни од 21.00 часот до понеделник 8 јуни до 05.00 часот во општините Скопје, Куманово , Штип, Тетово, Липково, Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце.

За остатокот од државата, полицискиот час е од 21.00 часот на 4 јуни до 5.00 часот на 5-ти и од 16.00 часот од истиот ден до 5.00 часот следниот ден (ова важи и за сабота и недела). На ниво на целата држава забранети се посетите на гробиштата (со исклучок на погребите) по повод празникот Духовден.


435