Questo sito usa cookie per fornirti un'esperienza migliore. Proseguendo la navigazione accetti l'utilizzo dei cookie da parte nostra OK

Уредба на Владата во врска со транзитот на странски државјани на територијата на Република Северна Македонија

Датум:

15/06/2020


Уредба на Владата во врска со транзитот на странски државјани на територијата на Република Северна Македонија

- Македонската Влада неодамна го одобри Протоколот за непречен транзит на територијата на Република Северна Македонија според кој, почнувајќи од 15 јуни 2020 година, странските државјани можат да ја преминат територијата на Република Северна Македонија за да стигнат до трети земји под услов транзитот да се одвива во рок од пет (5) часа, без долги запирања и излези од соодветниот автопат или локален пат.

Граничните премини отворени за транзит на странски државјани се: Табановце (Србија); Деве Баир (Бугарија); Богородица (Грција); Ќaфасан (Албанија); Блаце (Косово) и скопскиот аеродром.

По влегувањето на македонска територија, странските државјани во транзит треба да пополнат изјава заверена од граничните власти, за подоцна истата да биде вратена на граничните власти при излез од земјата.

Граѓаните во транзит секогаш мора да ги почитуваат препораките и протоколите на Министерството за здравство со цел да се спречи воведувањето и ширењето на „Ковид-19“ и сите мерки што произлегуваат од тоа.

Недоставувањето на заверената изјава (или нејзино губење) може да значи обврска за задолжителен карантин во одредена структура.

Со влегувањето на сила на овој Протокол, престанува обврската на странските граѓани да го најават својот транзит преку македонската територија преку нивните дипломатско-конзуларни претставништва, според претходната регулатива.

Целосниот текст на протоколот на англиски јазик е достапен на следниот линк

Формулар за изјава на македонски и англиски јазик

Потсетуваме дека од 22 мај, секое лице кое ќе влезе на територијата на Република Северна Македонија (односно влез подолг од 5 часа), ќе мора да достави негативен ПЦР тест за COVID -19 (тест направен не подоцна од 72 часа пред влегувањето) и ќе биде подложно на задолжителна мерка карантин во својот дом 14 дена (или 21 доколку пристигнува од земји кои се сметаат за „висок ризик“). Во случај на недоставување на тестот, лицето ќе биде испратено во карантин во структура утврдена од надлежните органи и ќе му биде наложено тестирање.


440