Questo sito usa cookie per fornirti un'esperienza migliore. Proseguendo la navigazione accetti l'utilizzo dei cookie da parte nostra OK

Учество на Амбасадата на добротворниот концерт на „Macedonia Welcome Center“

Датум:

30/05/2020


Учество на Амбасадата на добротворниот концерт на „Macedonia Welcome Center“

И оваа година, и покрај целосно исклучителните околности поради пандемијата, Амбасадата на Италија е горда да учествува во добротворните активности на здружението „Macedonia Welcome Center“ и особено на концертот „Listen with your heart“ во корист на „Децата со заболување од рак и нивната родителска куќа“, во соработка со Министерството за здравство.

Концертот ќе се емитува на националната државна телевизија МРТ1 денес и утре 31 мај.

Италијанските видео прилози се од талентираниот пијанист Џовани Алеви направени по повод кампањата #WeAreItaly организирана од Министерството за надворешни работи и меѓународна соработка и на кампањата #Vivereall'italiana исто така од страна на МНРМС.

https://youtu.be/4M3FEDlMEAs

https://m.youtube.com/watch?v=5za52R2Aemk&list=PL9zh4eHRSCDl8BG-qNf3c34RPV-Vpf0oe&index=83&t=0s


437